Како со секое квалитетно филмско продолжение почнуваме со презентација и ретроспектива на првиот дел, па после тек може да се префрлиме на вториот.

Што веќе прочита / пропушти:

  • Моите ставови и мислења околу модерниот vs ретро стил на патики;
  • Како Nike Air Tailwind е заслужен за историскиот пресврт во светот на патиките;
  • Nike Cortez и нивната мегапопуларност, од олимпијци до Shia LaBeouf;
  • New Ballance 574 – или ги сакаш или ги мразиш;
  • Што имаат заедничко Bruce Lee и Uma Thurman?;
  • Како Valentino црпеше инспирација од Nike Internationalist; и
  • Американскиот аеробик и Reebok Classic

Сега немаш право на баш никакви оправдувања од типот „не сум го прочитал првиот дел” или „не знаев дека воопшто постои прв дел”.

Соблечи ги патиките (не е кул да се седи со патики во затворена просторија) или ако си на мобилен некаде низ градските џунгли, внимавај на сообраќајот, главата високо исправена, во правилна позиција, и со чисти ретро патики кон нови победи.

 

Adidas SL72

Повторно имаме модел на патики кои првично не биле наменети за трчање, но сплет на околности и оп се појавуваат на Летни Олимписки игри 1972 година. Во тоа време оваа патика уживала статус на „ултра лесна патика” ,налик на денешните Flyknit или Ultraboost модели. Инаку Bob Marley ги има носено патикиве.

 

 

Nike Waffle Racer

Како што вели легендата, прототипот на оригиналните Wafle Racers (цирка 1974 година) бил направен со истурање на стопена гума во калап за вафли. Многу интересен и впечатлив дизајн, ретро во права смисла на зборот. Патикава ја има „газено” Seth Rogen.

 

 

Adidas Country OG

Овој модел на Adidas е комбинација од повеќе модели, како на пр. сиво-кафеавата гума е од German Army Trainers и зелено-белите детали од Stan Smith. Само што оваа патика е стара едно 40-тина години, така што не се знае баш кој од кого „крадел”. Eddie Murphy ги има носено.

 

 

Brooks Chariot

Се работи за бренд со потекло од Seattle, кој е еден од најпознатите брендови за трчање што царувале во 80-тите (дури го добиле и прекарот „најдобрите патики за трчање некогаш произведени). Единствената работа на која треба да се внимава, ако некогаш се решиш да купиш ваква патика, е да ја избереш правата комбинација на бои, затоа што голем дел од изборот е ужасно-ружен. Не се знае дали оваа патика стигнала до стапалото на некоја позната личност.

 

 

Nike Air Max 1

Дизајнот е инспириран од Pompidou Center, Paris, тако што практично е невозможно да се хејта Air Max 1. Првично дизајнот бил со поголемо воздушно перниче, но поради ергономноста и удобноста на патиката морало да се намали. Легендарна патика која беше тригерот за големи драстични промени во индустријата за производство на патики. Beyonce и Jeremy Lin се само дел од огромната листа на ѕвезди кои ги носеле или кои сè уште ги носат патикиве.

 

Дали е ова крајот?

 

Comments

comments