Во претходниот текст, првиот од овој серијал, ти препорачав неколку фотоапарати, кои мислам дека би биле одличен избор за сечиј буџет и потреби.

Сега е вистинскиот момент да ја отвориме дискуcијата за тоа дека не е сè во апаратот, туку дека огромна улога во квалитетот на една фотографијата игра и самиот објектив.

Да претпоставиме дека веќе си го купил/а твојот прв фотоапарат или можеби дека твојот брат ти поклонил некое добро парче техника, откако се вратил од Work and Travel. Знаемe, првите неколку фотографии не се тоа што замислуваше дека ќе бидат, така? Но, не се грижи, сè е во ред со фотоапаратот, проблемот е во обејктивот.

За да ти помогнам во решавање на овој мини-фотографски-проблем, направив селекција од неколку објективи што ти препорачувам да ги земеш во предвид при купувањето на фотоапарат.

 

Објективот што секој треба да го поседува

Canon 50mm f/1.8 или Nikkor 35mm f/1.8

Велат дека најдоброто е најскапо, но во случајот со објективите, најдобриот прв избор за објектив што можеш да го направиш е и најевтиниот. Ова е објектив кој што го препорачуваме на секој што поседува DSLR фотоапарат. Безразлика дали сакаш да планинариш, да фотографираш спортски натпревари, архитектура или соѕвездија, барем еднаш ќе почувствуваш дека треба да направите некому портрет или да фотографираш убаво кафе со шарена заматена позадина.

 

 

 

Ако бараш евтин, а добар зум објектив

Tamron Autofocus 70-300mm f/4.0-5.6 Di LD

Секој почетник во фотографијата, најмалку 5 до 10 пати во животот се обидел да направи фотографија од цвет или бубачка… или бубачка на цвет. И секако, во тој момент беше горд на фотографијата, но фотографијата не е баш тоа што си го гледал „на интернет“. За брзо време, фазата на фотографирање цвеќиња поминува, но дококу навистина си се пронашол во фотографирање на инсекти или ситни предмети, тогаш ти го препорачувам Tamron 70-300. Ова е можеби најдобриот избор кога имаш мал буџет предвиден за зум објектив. Без проблем ќе ги совладаш портретите на надворешна светлина, а „макро“ опцијата само ќе ти помогне да добиеш поголем контраст и острина, при доловување на подалечни предмети и портрети.

Тамрон произведуваат и за Nikon, Canon и Sony, затоа вреди да го имаш во предвид и овој бренд.

 

 

 

Подобра опција од лошите „кит“ објективи

Sigma 17-50mm f/2.8 EX DC OS HSM FLD

Зборевме за ова и претходно – кит објективот што доаѓа со скоро секој DSLR е стварно најголемиот уништувач на забавата и на уметноста. Додека, Sigma 17-50 со сигурност е најдобриот стнадарден објектив кој нема да го добиеш во пакет со фотоапаратот.

За жал, ќе треба да одвоиш повеќе буџет од планираното. Сигмата, иако има скоро ист домет, како „кит“ објективот, може да предизвика огромна промена кај крајниот резултат. Со отвор на бленда од f/2.8 може без проблем да ја користиш и во потемни, затворени простории, без да мора да употребуваш блиц, или накратко – без да го уништиш моментот за кој си презел одговорност дека ќе го меморираш.

 

 

 

Ако сакаш објектив што ќе „фати“ сè околу тебе

Sigma 10-20mm f/3.5 EX DC HSM

Уште еден одличен производ на Sigma. Според мене, токму со овој објектив докажаа дека оправдано се најголемиот независен производител на објективи во светот.

Објективот може да „фати“ сè, сè околу тебе. Ете баш така би го опишала. Според некое непишано правило кај широкоаголните објективи не секогаш се бара максимална острина. Тие се направени со една цел – да опфатат сè околу нас. Но Сигмата успева да го опфати секој агол и секој најмал детал во кадарот, со неверојатна острина.

Совршен е за ентериери и архитектура, а Sigma од овој модел имаат направено верзии кои би можеле да ги користите и на вашиот Nikon или Canon.

 

 

 

Што треба да имаш на ум кога бираш објектив

Бленда или Aperture (симбол – „f“)

Блендата во основа е оној дел од објективот кој го дозволува количеството на светлина што може да допре до сензорот. Препорачливи се објективи кои имаат поголем отвор на блендата и кои ќе можете да ги користите и во ситуации каде има помалку светлина. Кај почетниците, најчесто настанува забуна при читањето на отворот на блендата бидејќи колку поголем отвор, толку е помала бројката.

Пример: Објектив означен со f/2.0 има поголем отвор од оној со f/5.6.

Со објектив кој пропушта повеќе светлина ќе добиеш посветли фотографии, а со тоа и ќе можеш да наместиш поголема брзина (shutter speed) за да фотографираш предмети во движење.

 

 

 

Автофокус

Голем број објективи во себе имаат вграден механизам за автоматски фокус, но има и објективи кои што можат само мануелно да се подесуваат, па затоа внимавај при купувањето. Исто така има и фотоапарати кои немаат механизам за авто-фокусирање, па ако згрешиш со купувањето на објектив со мануелен фокус, работата за фокусирање нема да може да ја преземе самиот фотоапарат.

Пример: Мануелен 50mm објектив од Nikon не може да го користиш на D3100/3200/3300 серијата, но истиот објектив на D90 без проблем ќе авто-фокусира.

Подеднакво важно кога купуваш објективи, а планираш да ги користите за видео е да се распрашаш и да ја провериш нивната звучност. Кога снимаш и користиш автофокус во видеата, звукот на фокусирањето може сериозно да му пречи на видеото.

 

 

 

Стабилизација на слика

Ти препорачувам да купиш објективи кои имаат вграден Image Stabilisation (IS), бидејќи во моменти кога фотографираш со помала брзина, може да ги избегнеш матните линии на фотографијата. Доколку твојот фотоапарат има дигитална стабилизација на сликата, не се опушташ – oптичката стабилизација е всушност она што реално може да помогне за добивање на поостра фотографија.

Стабилизацијата е особено важна кај објективите со поголемо зумирање.

 

Comments

comments