Без разлика од чија страна си, со Едисон или со Тесла, бар еднаш досега кога снемало струја те фатило паника дали ќе се врати.

Да, како инженер чувствувам притисок да зборувам за важноста на електричната енергија, но како неостварен архитект, овој пат ќе се посветам на естетската улога на доброто осветлување. Ако не ми веруваш мене, Louis Kahn отсекогаш инсистирал на улогата на доброто природно светло, нагласувајќи дека „соба не е соба, без добро светло”. Јас во овој момент го нудам мојот скромен твист, додавајќи дека „кога немаш добро природно светло, подобро најди си добра ламба”.

На Љупчо не налетав случајно, дури и му бев на свадба, но на неговите рачно изработени дела — да, тотално неочекувано и неспремно.

 

#023-1

 

Љупчо, или поточно Vrchkovski – Native Materials Lighting, е активен веќе 4 години, а освен ламби, нуди и сталажи, дрвени садови за кактуси и кактуси. Сите ламби се рачно изработени и секоја од нив е направена од дрво кое Љупчо комплетно сам го обработува. Според него, секое парче дрво носи своја приказна, па идејата за како едно парче да прерасне во ламба – сама доаѓа.

Последниве неколку недели се наострив на кактуси, еден од подобрите во мојата скромна колекција го набавив од Љупчо. Со своите специфични форми и совршени цветови, кактусите супер се вклопуваат во дрвените, необични садови.

 

#034-4

 

Почасти се една добра ламба. Ламбите и кактусите се продаваат онлајн, изложени се во Concept 37, а од неодамна и во Public Room. Тешко е да се избере фаворит, ама посебно драга ми е оваа што потсеќа на црвите од Dune.

 

Галерија

 

Comments

comments