Оваа сабота, (16.12.2017) со почеток во 19.30 часот, во Социјален Центар Дуња, ќе се одржи првото издание на „Waves of Ambience”, фестивалот на амбиентални мултимедијални дела по иницијатива на издавачката куќа www.ampeff.com.

На првото издание на “Waves of Ambience” ќе имаме можност да се запознаеме со 4 артисти од Македонија (Скопје и Битола) кои ќе ја исполнат вечерта со амбиентална/дроун/експериментална-џез музика и визуелна медитативна сесија.

Влезот на настанот е со донација, а на сцената ќе можеме да уживаме во изведбите на:

 

Амплидајн Ефект [Скопје, МК]

Amplidyne Effect e мултимедиjален проект изведен од продуцентот, музичар и графички дизајнер Мартин Георгиевски. Завземајќи форма на импровизиран музички проект, а под влијаније од експерименталниот/психоделичниот спектар на звуци како Drone, Noise, Ambient, Contemporary Minimalism па до пост-рок, краут рок и IDM елементи, тој својата инспирација ја црпи од уметноста, музиката, филмот, природата и самата технологијата.
www.ampeff.com
https://amplidyneeffect.bandcamp.com/

 

 

Светлост [Скопје, МК]

Светлост е амбиент-џез трио од Скопје, составено од Нинослав Спировски (кларинет/саксофон), Кристијан Новковски (удиралки) и Дени Омерагиќ (бас/синтесајзер/електроника). Во моментов работат на своето дебитантско ЛП, кое ќе содржи три долги композиции во кои се вклопени стилови како слободен џез, пост-панк, амбиентална и електро-акустична музика – на овој концерт ќе настапат со материјал во кој ќе преовладуваат последните два.

 

 

Димитар Додовски [Битола, МК]

Димитар Додовски е присутен на македонската електронска музичка сцена од раните 2000 години со својата продукција, настапи во живо како и диџеј сетови. Неговиот звук вклучува спектар од даб текстури, медитативни и амбиентални звучни пејзажи, new age експерименти, се до апстрактни мелодиски делници кои пленат со својата хипнотичност.

 

 

Ведис [Скопје, МК]

Vedis, holy spirit of the forest, е синематичниот амбиент проект на Klara, мултимедијален артист од Скопје која на електронската музичка сцена работи како продуцент, DJ, вокалист и live изведувач. Vedis како проект егзистира од март 2017 година, и цели кон трансмисија на разни искуства и приказни инспирирани од природата, космичките сили и ведските списи преку звук, вибрација, фреквенција.

 

Comments

comments