Со три песни во Топ 100 листите, The Weeknd си обезбеди место на радио станиците низ светот оваа летна сезона.

Во моментов тоа што се врти по радио станициве и YouTube е новиот сингл на The Weeknd, „Can’t Feel My Face“, чиј видео спот беше објавен вчера. Ако не сте слушнале за дечково, сигурно сте слушнале за филмот Fifty Shades of Grey и по грешка или намерно сте ја слушнале „Earned It“, дел од саундтракот, поточно најпуштаниот дел од саундтраков веќе некој период.

The Weeknd – Can’t Feel My Face


 

Наоружан со еден тон талент, богати композиции и искрени текстови, Abel Tesfaye, познат како The Weeknd, им дава нова енергија и димензија на сите веќе уморни од секојдневниот R&B. Младиот, 25 годишен Канаѓанец пред светот се појавува во 2011 година со неговата тројка на самообјавени албуми.

Tesfay не сака да се експонира, па на почеток ги одбива барањата за интервју. Но, со издавањето на неговотo прво големо дискографско деби, Kiss Land и се препушта на славата, попушта и летото го дава и своето прво интервју. Дотогаш се сочно за него јавноста дознава од интервјуата со музичарите со кои тој соработува. По неговото гостување на турнејата на Florence + the Machine, Florence Welch дури и се шегувала:

„Не сакам да му го дупнам неговото мистериозно балонче, па само ќе кажам за него дека всушност и не сум го видела – Тој е холограм!“

После одреден број на микс-траки, клубови и онлајн објавувања во 2012-та настапува на Coachella Music Festival, и потоа нормално следи договор за снимање албум со Republic.

 

 

„XO“ е групаta со која настапува. Некои фанови сметаат дека тоа се само „гушки и бацки“ на, други во името ги препознаваат буквите за екстази и оксиконтин. Судејќи од контекстот на неговите песни и двете теории се еднакво веројатни.

Kiss Land го симболизира животот на турнеја, но тоа е и еден свет кој е создаден во мојата глава“ – вели тој. „House of Balloons го симболизира Торонто, мојот живот и искуства таму, но тоа е свет кој јас го создадов. Кога мислам на Kiss Land, мислам на едно застрашувачко место. Тоа е место каде што не сум бил никогаш пред тоа и е непознат терен за мене.“

Тој е горд на своите етиописки корени и тоа го покажува во неговото чудно видео за песната „The Knowing“. Видео записот всушност претставува видео колаж кој започнува во Адид Абеба во 70-тите години, потоа се движи во еден апокалиптичен свет.

The Weeknd – The Knowing


 

Интересна информација е дека Tesfaye започнува како „The Weekend“ во соработка со Jeremy Rose. Во 2010 година тие се разделуваат и Tesfaye го менува името, отстранувајќи го последното „Е“, во „The Weeknd“. Кога бендот се разделувал, трите песни кои они ги сработиле заедно стануваат мега онлајн популарни, а Jeremy Rose е оној кој губи. По неговото напуштање, Weeknd се прославува.

Weeknd можеби и не е вашиот стил на музика, но вреди да му дадете шанса. Започнете со мојата омилена – „Often“.

 

Comments

comments