Спонзорирано од Vip
„Westworld“ ексклузивно на HBO OD

 

Иако навидум нема скоро никакви сличности помеѓу „Game of Thrones“ и „Westworld“, сепак имаат нешто важно, а заедничко. Композиторот Ramin Djawadi.

Кога станува збор за „Westworld“ не е претерување да се рече дека e врвна серија, во секој поглед. Базирана на истоимен филм од 1973 година, самото тоа што влегува во втора сезона, а ни одалеку не делува како истрошена приказна е доказ за квалитетот. Секоја епизода остава со прашалници, кои го скокоткаат мозокот и прават да сакаш уште. Во тој поглед наликува на „Lost“ но, не се губи во мистериите, туку одржува кохерентна линија и покрај сложените наративи. Прашањата кои ги поставува не служат единствено за да ја одржуваат неизвесноста, а преку тоа вниманието. Напротив, обработува теми кои се суштински важни за современиот човек и технологијата која ја создава. А, зад сето тоа, исконската дилема за животот, свеста, реалноста и моралните последици.

Ништо помалу восхитувачка не е ниту одличната актерска екипа. Anthony Hopkins, Ed Harris, Evan Rachel Wood, Jeffrey Wright, се само дел од докажаниот тим кој со својата изведба на карактерите им додава една магична (над)реалност. Вниманието посветено на секој детал во сценографијата, костимографијата, специјалните ефекти и фотографијата го надополнува овој впечаток. Илузијата е ѓаволски добра.

И токму кај мајсторската посветеност на детали доаѓа делот со Ramin Djawid, композиторот зад музиката во „Game of Thrones“, а сега и „Westworld“. Она што на почетокот делува како филмска композиција за оркестар, гудачки квартет и/ли пијано, со секоја следна секунда звучи сѐ попознато, додавајќи на магијата која ве вовлекува да следите уште повнимателно. Причината е тоа што Djawid умее да ре-интерпретира, преобрази и умешно вметне кавери на музички хитови.

Од „Black Hole Sun“ на Soundgarden во првата епизода на првата сезона до „Runaway“ на Kanye West како најава на втората сезона, „Westworld“ изобилува со преработки на популарни песни, минимални, а маестрални, истовремено. Дополнителна вредност дава и тоа што секоја нумера е многу промислено вметната и секогаш поврзана со конкретното дејство во епизодата, давајќи му значење и контекст.

За да се уверите, еве и споредба помеѓу оригиналот на Kanye West и преработката во „Westworld“:

 

 

 

„Seven Nation Army“ од White Stripes, „Paint It Black“ на Rolling Stones, „Back To Black“ oд Amy Wienhouse, „House Of The Rising Sun“ на The Animals, „Heart-Shaped Box“ од Nirvana, се само дел од листата. Ги препознавате ли останатите?

 

 

Саундтрак од првата сезона на Westworld

 

Оцена
4.8Оцена
Reader Rating 3 Votes

Comments

comments