Од 4 до 6 август во Крушево ќе се случи When in Krusevo, outdoor фестивал кој е одлична прилика за сите фанови на кампувањето, спортувањето, параглајдингот и добрата забава да се релаксираат и забавуваат како прави господа.

When in Krusevo има за цел да им понуди ново и уникатно искуство во периодот помеѓу 4 и 6 август. Програмата вклучува авантуристички – со МТБ и планинарски тури низ недопрената крушевска природа, адреналински тандем параглајдинг од Мечкин Камен, посета на историските знаменитости и музеи и, се разбира, многу забава на Крушевското езеро.

Незаборавното велосипедско доживување започнува со Гумење на 50м од Кумитскиот камп, поминува низ познатата Крушевска корија и преку историската Слива се искачува до манастирот св. Преображение и до Крстот над Крушево, каде се наоѓа еден од најубавите погледи кон Западна Македонија. Во добриот поглед ќе можеш да уживаш и преку организираните тандем летови со параглајдер од Мечкин Камен со искусните пилоти на клубот Heli XC.

 

 

Во рамките на When in Krusevo ќе бидат организирани и културно-рекреативни тури во кои е вклучена посетатана споменикот Илинден, галеријата Мартиновски и спомен куќата на Тоше Проески. А за музичкиот дел ќе бидат задолжени Фолтин, Галоски, High Start и The Backdoor Band.

Картата (односно пријавувањето) за фестивалот доколку го направиш онлајн чини 300 денари и е овозможено преку When In X, а на лице место 400 денари.

Повеќе информации за настанот ќе пронајдеш тука.

 

Comments

comments