Видео: Димитар Попов и Михаил Намичев
Актери: Бранислав Спировски и Ирина Јанкуловска

 

Какви резултати добива некој германец кога ќе изгугла места што треба да ги посети во Македонија? Сигурно приближно суви како идеите што ги добил од некоја германска туристичка агенција што му го планира патувањето за Охрид.

Со помош на апликацијата „When in X“, за која Reborn Studios (тоа сме ние) го сними промотивното видео, сега ќе можеш ти на туристите да им ги покажеш најдобрите места. Да го правиш тоа што го правиш секој ден – да ги посетиш омилените кафулиња, ресторани и паркови, но овој пат да заработиш и некој денар плус затоа што со тебе ќе го понесеш и тој гореспоменатиот германец.

Македонскиот стартап „When in X“ штотуку лансираше нова мобилна апликација која ќе ги поврзе туристите на Балканот со локални граѓани кои ќе играат улога на туристички водичи и ќе го споделат своето знаење за регионот. Со апликацијата посетителите ќе може да разгледаат и резервираат различни активности, културни искуства и настани – сите организирани и предводени од локалци.

 

 

Името на платформата, „When in X“, доаѓа од популарната изрека „When in Rome, do as the Romans do“ (односно во превод: „Кога си во Рим, прави како што прават Римјаните“). Нивната идеја е на туристите, кои ја посетуваат Македонија и регионот, да им пружат незаборавно искуство и пристап до места и авантури за кои само ние локалците знаеме.

За разлика од традиционалните туристички агенции кои нудат веќе постоечки аранжмани, „When in X“ промовира алтернативни тури кои ќе ги поврзат туристите директно со локалните „експерти“. Овие „туристички водичи“ на посетителите ќе им понудат широк избор на вистински и автентични искуства: од неверојатни патеки за планинарење и пејсажи за фотографирање, па сè до ресторани со традиционална храна и ноќни клубови за забава.

Доколку имате интересна идеја за тура и сте заинтересирани да станете „туристички водич“, посетете ја www.WhenInX.com и регистирајте се како „host“. Сите регистрирани туристички водичи во месец септември, ќе добијат комплетно бесплатен хостинг за сите нивни тури.

Платформата „When in X“ е развиена од страна на македонската компанија Webgliders, која после долги години соработка со интернационални клиенти, одлучи да креира свој оригинален продукт. Тимот на компанијата, исполнет со ентузијасти за патувања и активности на отворено, дојде до идеја за туристички услуги кои на посетителите ќе им овозможат да се почуствуваат како дел од локалната заедница.

Платформата „When in X“ е достапна онлајн на www.WhenInX.com и на Apple Store и Google Play.

За истражување и развој, „When in X“ ја доби својата прва финансиска поддршка од Фондот за иновациии и технолошки развој при нивниот четврт јавен повик.

Comments

comments