Преземено од На Точак

 

И оваа година се придружуваме на интернационалниот Winter Bike to Work Day. Запомнете го денот – 9ти февруари.

Пробивањето на комфорната зона е процес кој што најмногу се мотивира преку личен пример. Бидете пример за другите дека нема лошо време, туку само лоша опрема.

Што треба да направите? Регистрирајте се на сајтот https://winterbiketoworkday.org/ и обврзете се дека тој ден ќе движите НаТочак до вашата секојдневна дестинација, синхронизирано заедно со мноогу луѓе низ цел свет. А кога ќе дојде D-Day постирајте ваши слики со интернационалниот хаштаг #WinterBikeToWorkDay или #WinterBikeToSchoolDay и/или локалниот: #WBTWDSkopje (за работа) или #WBTSDSkopje (за образование) и пофалете се за Вашиот транспортен избор тој ден.

Ги повикуваме кафулињата, баровите, рестораните, продавниците за велосипедска опрема и сите останати деловни субјекти да се вклучат во славењето на овој ден преку овозможување на најразлични поволности, попусти и награди за оние кои ќе дојдат на точак до нивните локали и ќе купат нивен производ/услуга. Користете го просторот на Facebook настанот за промоција на Вашите Вело-поволности или испраќајте ни на мејл (natochak@gmail.com) или во порака на Facebook страницата на НаТочак и ние ќе ги објавуваме Вашите промоции.

Ги повикуваме и сите јавни институции, министерства, општини, јавни претпријатија, училишта, факултети, но и сите приватни компании да се придружат на оваа иницијатива, да бидат креативни и да ги мотивираат своите вработени и ученици/студенти на овој ден да дојдат на работа/на школо на точак.

Секој може да направи свој настан, свои промотивни материјали, свои понуди, свои награди за своите посетители, вработени или ученици кои ќе пристигнат на точак тој ден. Иницијативата е интернационална и отворена, придружете се! Да го ставиме Скопје на светската вело-мапа! 

P.S. На светската ранг-листа по бројот на пријавени поединци кои на сајтот winterbiketoworkday.org се обврзале дека во петок, 9-ти февруари ќе одат на работа со точак, Скопје се наоѓа на 5-то место (последно проверено во 13:30, 7.02.2018).

На следнава мапа ги има локалите кои даваат поддршка на овој ден со топол пречек за сите точакољупци 😉 Да ги посетиме, на точак.

 

 

Comments

comments