Фотографии: Марко Марјановиќ

 

На 30 ноември (минатиот петок) се случи официјалното отворање на новиот пивски бар во Скопје, Woodstock Craft Beer & Rock Bar.

Во петокот, во динамична и рокерска атмосфера, се отвори Woodstock Bar, првиот пивски бар кај нас застапник и промотер на ексклузивни чешки пива од различни пивници низ Бохемија и Моравија. За музичкиот дел беа задолжени момците од Breakdown Band. 

Идејата на Woodstock е развивање на пивската и rock & roll културата преку промовирање на мотивите од 60-те, како што се движењето на љубовта, слободата, креативноста, меѓусебното почитување и толеранцијата.

Инаку, локалот е поделен на три нивоа, секој со различни тематика, и изработен со помош на уметницата Аница Буквиќ и архитект Пенелопа Стаматовска.

 

 

Comments

comments