Во екот на бројните гласини околу новиот албум на Rihanna („ANTI“) кој се очекува да излезе секој момент, излезе новата песна – соработка помеѓу Rihanna и Drake, насловена како „Work”.

Станува збор за бавна, но многу ритмична песна, каде пред сè се истакнуваат вокалните способности на Rihanna. Од друга страна, Drake е одлична поддршка и перфектно се вклопува во целокупниот „flow” на песната.

Иако ова е многу свежа информација, веднаш се поставува прашањето дали овој нивни заеднички сингл ќе ја доживее популарноста нанивна прва соработка – „What’s My Name” (која беше на прво место на топ листите во 2012 година)?

 

 

Comments

comments