За Kusama уметноста е лек за секојдневните стравови, грдите мисли, негативите во животот и пат кон успехот и сè-можното. Таа е уметникот кој ги прекрши правилата на просторот и ја претстави бескрајноста визуелно најдобро до сега, користејќи ја мрежата на точки и самата точка како главен елемент во своите дела.

Родена е во 1929-та во Матсумото, Јапонија каде што живеела со нејзината фамилија и го започнала своето творење на многу мала возраст. Цртањето и пишувањето било нешто што го правела како опозиција на нејзината фамилија. Како девојче била дијагностицирана со тешка форма на деперсонализација, која и го претвори животот во мрежа на бескрајни фигури.

„Мојот сон беше да станам сликар, затоа почнав многу да цртам уште од мојата 10-та година. Мајка ми ми велеше дека не ми е дозволено да цртам, бидејки некој ден ќе треба да се омажам за некој од богата фамилија и да станам домаќинка. Кога бев мала, таа ќе ми ги земеше сите мастила и платна што ги имав и ќе ги фрлеше. Мојот доктор психијатар, во времето кога почнав да созревам како возрасна личност, ми предложи да отидам во Америка и да живеам сама, како нешто што би било добро за моето ментално здравје. Позајмив пари од моите и со помош на неколку други луѓе отидов во Њујорк.”

 

Инсталација „All the Eternal Love I Have for the Pumpkins”

 

Кусама ја започнува својата уметничка кариера во САД во 1957, на 27 годишна возраст.

„Кога прв пат дојдов во Њујорк, се искачив на врвот на Empire State Building. Гледајќи го големиот град, си ветив дека еден ден ќе го освојам Њујорк и дека моето име ќе биде познато низ светот. Со мојата страст за уметност и планините од креативна енергија како дел мене, целосно се посветив само на мојата работа, цртав секој ден и почнав да цртам „мрежи’’ од утро до мрак. Со текот на времето платната и делата беа големи дури и до 10 метри. Кога ги цртав мрежите, нивниот дезен ги надминуваше границите на платното и продолжуваше по ѕидовите и по подот. Кога ќе погледнев далеку во мрежата, гледав халуцинација и бев опкрушена со таа визија, така станав пејсажен-амбиентален уметник

 

Инсталација „All the Eternal Love I Have for the Pumpkins”

 

Нејзините дела ти ја одземаат способноста да се фокусираш, нарушувајки ги сите граници на просторот. Kusama моментално е признаена како еден од најзначајните живи уметници кои доаѓаат од Јапонија, и е важен дел од авангардата.

Како писателка и уметник, во текот на својата кариера има работено во широк спектар на медиумите, вклучувајки сликарство, колаж, вајарство, уметнички перформанси, инсталации, филм и мода, од кои повеќето го покажуваат нејзиниот тематски интерес за психоделични бои, повторувањето и бесконечен дезен на точки.

 

Инсталација „Aftermath of Obliteration of Eternity”

 

Од 1977 година Yayoi живее во психијатриска болница во Токио. Таа ја напушта болницата секој ден по неколку часа за да креира во своето студио кое е недалеку од болницата. Ако престане да твори, таа искусува неизбежни суицидни мисли. Состојбата на бесконечна опсесија ја претвори во уметност.

Кога ги креаирам моите дела, самата бесконечна мрежа на точки не ја форсирам во делото, потсвесно секогаш делото само некако завршува да има точки. Не сум сигурна дали е тоа сугестивно од мојата болест, или сум толку фокусирана да го завршам делото што сè околу мене исчезнува и самите раце ги креираат моите дела.”

 

Comments

comments