Не сум сигурна, ама мислам дека на почетокот „The Big Bang Theory“ беше добра. Моментално знам дека е ужасна. „Young Sheldon“ ги задржува добрите, a ги отстранува работите кои го иритираат секој разочаран TBBT-фан.

Ако очекуваш „Young Sheldon“ да биде продолжение на тоа што „The Big Bang Theory“ е моментално, класичен sitcom со застарени квази-интелектуални шали кои се наменети да му се допаднат секому, а не му се допаѓаат никому, тогаш многу грешиш. Серијата, на која како ко-креатор исто така се јавува Chuck Lorre, досега има само 13 епизоди, на кои колку порано се приклучиш, верувај, толку ќе бидеш посреќна.  

Верувам дека симпатичната приказна, која (за сега) во ниту еден момент не се труди да биде нешто што не е, ќе му се допадне не само на класичниот TBBT фан туку на секого. Без разлика дали си чудно дете, мајка на чудно дете или дојде за да видиш малку наука – шоуто има што да ти понуди.  

Ова се само 5 од многуте причини зашто верувам дека „Young Sheldon“ е подобра од „The Big Bang Theory“.

 

 

Затоа што откако фати девојка во „The Big Bang Theory“, Sheldon повеќе не е интересен

Sheldon не е само најдобрата ствар во Big Bang Theory, туку и причината зашто храбро изгледав 10 сезони. Иако веќе не се ни сеќавам на првите сезони и на моментите кога серијата беше всушност смешна и добра, се сеќавам зашто започнав да ја гледам – затоа што Sheldon беше неверојатен. Иронично, зашто прекинав да ја гледам серијата после цели 10 сезони е затоа што Sheldon (откако фати девојка) е досаден и „обичен“.

За разлика од него, малиот Sheldon сè уште е чуден, оригинален и неверојатно симпатичен.

 

 

 

Затоа што се случува во Тексас во 80-тите

Лично, доколку треба да изберам омилена ера (без разлика дали во филм или музика) викам 80-тите. А кога серија не може да биде оригинално снимена во 80-тите, тогаш бар се одвива во 80-тите. И тоа не било каде, туку во Тексас!  

 

 

 

Затоа што за разлика од TBBT во оваа жените се кул

Можеби се симпатични и слатко збунети, но жените во TBBT се исто така и патетични. За почеток, на Penny, 10 години како и се повторува дека e само убава, ама не паметна, за разлика од нејзината машка екипа и нејзиниот партнер, а Amy веќе неколку години како „трча“ и без грам самодоверба се адаптира на потребите на нејзиниот дечко.

За разлика од нив, трите жени во „Young Sheldon“ (мајката, сестрата и бабата), и порај тоа што живеат во 80-тите во Тексас, се супер кул и моќни секоја на свој начин.

 

 

 

Затоа што не е класичен Sitcom со снимка од луѓе што вештачки се смеат после секоја шега

За разлика од TBBT, „Young Sheldon“ има не само подобар хумор, туку и поприроден. Самиот факт што после секоја шала не се слуша вештачкото смеење на хорот чија цел е да ни каже дека „Еј, направија шала, смеј се!“ ја прави серијата многу попријатна за гледање.

 

 

 

Затоа што во една епизода се појавува Elon Musk

Да, се појави и во TBBT, ама во „Young Sheldon“ приказната за неговото cameo е многу покул.

 

Comments

comments