Оваа среда, на 6 јуни, во спортскиот центар АТП Премиум клуб, ќе се одржи последната хуманитарно-роденденска забава, организирана од страна на организацијата „Сите за Тео“.

Целта на оваа организација и серија на настани е собирање на парични средства за набавка на електрична количка Седео Ерго Е2, која чини 20.000 евра, а која е најсоодветна за степенот на инвалидитет со кој се соочува Тео и инфраструктурните бариери во градот.

 

 

Затоа, да бидеме хумани, да се појавиме во АТП Премиум Клуб и да допринесеме со позитивна енергија, убаво расположение, донаторски дух и да му го овозможиме на Тео долго посакуваниот подарок, нова електрична количка.

Настанот е во организиран од страна на “LIONS Club Debar maalo”.

 

Comments

comments