Скоро 3 месеци поминаа по Музеј Дебар Маало, а ние сè уште немаме зборови да го опишеме генијалното дело на скулптурот Жарко Башески.

За време на нашиот еднодневен музеј, меѓу другите локални дела, ја изложивме и скулптурата на професорот Башески, наречена „Асфиксија“, на која и посветивме и цела „соба“.

Куратор на „собата“ беше Илија Димкоски, кој заедно со неговиот колега и пријател Кројан Бојан, се погрижија за сите детали и целата организација на изложбата. Дали затоа, дали затоа што е поречит и позапознаен со делата на Башески, ама никогаш не успеавме да зборуваме за изложбата како што збори тој.

 

 

Во видеото од гостувањето на Телма, Илија зборува за како дојде до Музеј Дебар Маало и најмногу – како дојдовме до изложување на скулптурата „Асфиксија“.

 

Comments

comments