Здивни длабоко, земи воздух и дојди утре да ја видиш новата скулптура на светски познатиот хипер-реалист – Жарко Башески.

Како хајлајт на „Музеј Дебар Маало“, Reborn ви ги претставува новото гигантско дело на скулпторот Жарко Башески (често опишан како „еден од десетте најзначајни хиперреалисти во светот“… Да, во Светот).

Веќе можеби знаеш дека утре во 18.00 часот по повод нашиот втор роденден го отвораме едно-дневниот музеј во срцето на Скопје – „Музеј Дебар Маало“.

 

 

А таму, помеѓу сите убер-талентирани локални уметници, во Нано бар ќе биде за прв пат изложена и „Асфиксија“, најновата скулптура на неверојатниот и светски познатиот хипер-реалист Жарко Башески.

Тоа во превод значи дека никој досега ја нема видено, ниту во живо, ниту на фотографија.

АСФИКСИЈА е сведоштво и жесток протест против состојбите во светот каде човек е фрлен и каде се задушува, свет што го застрашува, што се лепи за неговото лице како пластична ќеса, свет од кој не може да се избега, свет претворен во ѓубриште над кое во отровните испарувања треперат како привиденија современите градови.

Дојди утре и обавезно не пропуштај да поминеш од Нано бар! Се гледаме таму!

 

Comments

comments