Во понеделник, 23 јули, започнува серијалот културни настани, „Зборува Скопје“.

Станува збор за проект на Град Скопје во кој Музејот на град Скопје, графити галеријата во ГТЦ, КИЦ, Музејот на современа уметност и платото пред МКЦ ќе се обидат да ја обединат ликовната, театарската, филмската, мултимедијалната уметност и граѓанскиот активизам концептуално поврзан со земјотресот и културната историја на метрополата.

Со вкупно дваесетина културни настани, на неколку локации, Град Скопје ќе ја одбележи 55-годишнината од катастрофалниот земјотрес во 1963 година.

Почетокот на манифестацијата, на 23 јули со почеток во 20.00 часот, ќе биде одбележан со враќањето на буквите од пораката на Јосип Броз Тито на источната страна на Музејот на град Скопје.

 

 

Настаните од агендата кои ни привлекоа најмногу внимание се:

„Рута на солидарноста“, панорамско разгледување на Скопје со фокус на случувањата поврзани со катастрофалниот земјотрес 1963;

„Зборува Скопје – главен настан“, краткометражен филмски колаж на Дина Дума;

„МКЦ за Скопје – Restart“, изложба на старата и младата генерација на македонски уметници, и

„Досие Скопје“, филмски проекции на 10-те епизоди од култната емисија  и музички перформанс на Ayuune Sule (Гана), Александар Велики (Македонија), Hornsman Coyote (Србија), Natty Fiyah SS (Македонија) + промоција на нов видео спот на Sethstat & Мирко Попов.

За подетални информации околу целосната програма тука.

 

Comments

comments