Со цел да дознаеме нешто повеќе за настанот на неделата, „Земјотрес 4”, решивме да се обратиме кај еден од организаторите, господинот Мирко Попов. Како прав домаќин првин нè запозна со дефиницијата на тоа што претставува „Земјотрес”, потоа со тоа која е целта, идеологијата и срж’та, а на крај која е визијата и идинината на овој настан. Нема смисла да се појавиме во сабота без некои основни предзнаења.

Да му дадеме збор на Мирко:

„Земјотрес” е фестивалска платформа на независната македонска музичка сцена. Место каде што независните дискографски куќи и бендови, еднаш во годината, го демонстрираат она што е најново и најактуелно сработено во сферата на нивната музика.

Фестивалот е инициран од лејбловите 69 Records и Направи Заедно (која за жал не постои во моментот), кои заедно со PMG Recordings се во самото идејно и организационо јадро.

Основната идеја беше да се создаде една прогресивна платформа на независната музичка култура во Македонија, каде што буквално секој бенд/лејбл, без разлика на музичкиот стил или степенот на популарност, ќе има можност да се претстави на еден сериозен фестивал и тоа пред што е можно побројна публика.

 

June ќе бидат на Земјотрес

JUNE ќе бидат на Земјотрес

Другиот основен постулат на фестивалот е да се привлече што е можно помлада публика, во што е можно поголем број.

Идејата е да се натера средношколската младина да посети настан од алтернативен карактер, како одговор на широката понуда на одвратни шунд содржини за младите во нашата држава.

Навистина е тажна доминацијата на одвратните турбо, фолк и сомнителни „урбани” содржини, кои ја преплавуваат средношколската сцена овие денови кај нас. Во тој правец и симболичната цена на билетите, 100/150 денари, што не е препрека за никого.

Огромно е нашето задоволство што можеме да констатираме дека досегашните изданија на фестивалот во потполност успеаа да одговорат на предизвиците и критериумите кои сами си ги поставивме. Навистина е фантастично да се доживее таа голема, позитивна младинска енергија која поздравува артисти кои создаваат вистински вредно културно наследство, во мошне игнорантни и сложени општествени услови.

 

НОВИОТ ПОЧЕТОК ќе бидат на Земјотрес

НОВИОТ ПОЧЕТОК ќе бидат на Земјотрес

Ова е четврто (4) издание на Земјотрес. Сите досегашни изданија се одржаа во Младинскиот Културен Центар, Скопје, кој во изминативе години претставува вистинска мека на домашната култура, тукуречи остров на културолошка безбедност во морето на примитивен духовен разврат со кој што сме опкружени.

Безмалку единствена институција во државата која ги штити интересите на живата македонска култура и вистински р’т на локалната надеж во време кога нашите млади мислат единствено на отселување.

Земјотрес 4 ќе се одржи на 3 музички подиуми, а ќе настапат 24 артисти. 18 лејблови ќе го остават својот печат врз овогодинешниот настан.

Се надеваме на успешно и весело издание. Се надеваме на многу следни успешни „земјотреси”, квалитативен развој на фестивалот и задоволни лица на среќни млади луѓе.”

 

Comments

comments