Според секоја учителка која сите некогаш сме ја имале, секое пишано дело треба да содржи вовед, заплет, кулминација и расплет на дејството.

Со интрото за есејот на тема „Red Bull Doodle Art 2017” завршивме пред две недели, набргу после интрото се случи и заплетот на настаните, а денес е одличен момент за преминување од преплет во кулминација.

Накратко, Red Bull Doodle Art е натпревар кој се одржува ширум светот меѓу студентите, при што тие ги приложуваат своите чкртаници за оценување, по основ на стилот и креативноста. Еден чкртач од секоја земја ќе биде повикан на глобалното финале и ќе се натпреварува против студентите од целиот свет. Победничкото дело од секоја земја ќе биде изложено во Глобалната виртуелна галерија. На крајот, на изложбата ќе биде прогласен еден меѓународен победник.

За да стигнеш до националното финале во април, ќе мора прво да се приклучиш и да бидеш дел од апликациската фаза (која е во тек и трае до 16 април), второ да нацрташ цртеж со кој би се пријавил и трето македонското жири да те одбере токму тебе.

 

Кое е македонското жири за Red Bull Doodle Art 2017?

За националниот победник на Македонија ќе одлучува македонското жири, во кое членуваат Иван Петрушевск (Flim), Давид Ристевски (Dreadpen) и Д-р Ангелина Поповска.

 

Flim за Reborn во април 2016та

 

Петрушевски е графички дизајнер и илустратор кој работи во областа на дигиталната уметност од 2003 година, со неколку самостојни и групни изложби зад себе. Препознатлив по сомбре-суканиците, Ристевски е дизајнер што е вработен во маркетинг агенција, но исто така и „зависник“ од чкртањето кој признава дека секогаш носи маркер со себе. Иако нејзината професионална определба како доктор по науки за конзервација и реставрација на икони, на што воедно и работи во Националниот конзерваториски центар, Ангелина Поповска е наградуван академски сликар со неколку самостојни изложби, чие што поле на интерес е концептуалната уметност со користење модерни техники.

Иако на финалето ќе има само еден учесник од Македонија, Семос Едукација обезбеди дополнителни три награди во вид на ваучери за посетување на обуки за дизајн во нивниот Adobe Authorized Training Centar.

Кој ќе биде крунисан како глобален победник во Red Bull Doodle Art 2017? Ќе дознаеме наскоро.

 

Comments

comments