Сурфање, винд-сурф, педлање, мотокрос-сурф… чекајте што?!?!?!

Да, да се случи и тоа, сурфање со крос мотор. Виновникот за ова е Robbie “Maddo” Madison. Австралиски екстремен возач на мотори, кој досега правеше чуда како на пример ски скокот во Олимпиското село во Солт Лејк па се до скокот над Триумфалната Порта во Лас Вегас.

Имавме среќа да бидеме сведоци на оваа егзебиција на Maddo, кој како нож низ врел путер поминуваше низ огромните и моќни бранови во Тахити. Припремите за овој подвиг, спонзориран од DC Shoes, траеа цели две години.

 

Comments

comments