Пасијата за мотори може да ви се „пикне“ под кожа во било кој момент од животот. Пред 8 години тој момент го доживеа Тони Трајковски.

Неговиот прв мотор бил CT110 Postie (нешто налик на нашите добро познати Tomos APN4) којшто е купен од негов пријател на аукција за ефтини пари. После 10 различни мотори, зависноста почна да го добива својот прав лик. Завршувајќи го занаетот на моторџиски механичар веднаш после школото, Тони работел на сѐ и сешто, и пробувал да се пронајде себеси во оваа област.

 

 

Неговата сегашна креација е 1986 BWM r65 Café Racer. „Идејата за да правам BWM со воздушно ладење (Airhead) ја добив кога го посетив BWM Welt музејот во Минхен, после тоа се навлеков на боксери.” Тој e целосно преработен и преправен, со тоа што се е извадено до рамот. Сите непотребни држачи биле истругани и  измазнети како секој прав Café Racer. Резултатот е нешто што е уредно, елегантно и дрско.

„Идејата за да правам BWM со воздушно ладење (Airhead) ја добив кога го посетив BWM Welt музејот во Минхен, после тоа се навлеков на боксери” – Тони Трајковски

Заради неговата историја на работење со моторцикли и разни возила, Тони многу полесно успеа да ги совлада сите пречки околу реконструкција и преработка на секоја ситница на овој мотор. Штом го средил рамот, ниеден дел од моторот не бил оставен непроменет или преправен. На моторот има направено преку 80 часа на преработки во RB Racing, каде Тони моментално работи.

Дел од работите што се случиле таму вклучуваат: Преместено палење, преместени држачи за акумулаторот, држачи за подигнување на резервоарот за 1“ во задниот дел, скриена свирка и држач за таблица, поврзување на задна кочница и се разбира целосен рачно изработен издув.

Штом преработката била завршена, Тони работел кон спуштање на моторот и се фатил за работа со фарбање и склопување на сѐ што има на него. Имаше огромен број на работни непреспиени ноќи  во гаражата со помош од пријателите.

„Боксерот отсекогаш беше планиран да биде агресивно возен без разлика на било што, и сакав да поставам агресивна положба за возење од седиштето до рачките, и од седиштето до шипките. Поради тоа што отсекогаш ме интересирале тркачките мотори од минатото и сегашноста, сакав да создадам мотор којшто ќе служи како потсетник на класичниот тркачки стил со надградби и модерен осврт на стилот и функционалноста. Ова може да се види во рачно изработениот издувен систем којшто излегува надвор од задниот дел на телото, детал којшто мене ми е најомилен”

 

 

Моторот вози со предна Racetech суспензија и Wilbers Type 631 Competion заден амортизер со дополнителен резервоар така што не само што моторот ќе ја имитира осетливоста на „Old School” тркачки мотор, но исто така ќе се однесува одлично и кога истиот ќе биде возен низ локални патишта и нерамни површини. „Исто така сакав да ги имам и најдобрите гуми на овој моторцикл, прво пробав со Pirelli Sport Demons и потоа преминав на Dunlop K81 TT100 кои што повеќе ми се допаднаа.”

Иако Тони нема нов проект на таблата во моментов, тој го поминува остатокот од своето време во тркање и одржување на неговиот Honda RVF400 тркачки мотор.

 

Comments

comments