Има ли некој меѓу нас што не би уживал кога целиот град би бил преплавен со креативи што ќе ни го разиграат уличното-секојдневие?

Убавината на уличната уметност е едноставна и голем дел од неа лежи во тоа што е комплетно достапна за сите, потполно бесплатна и во тоа што генерално пренесува силни политички пораки, односно зборува за нешта за кои политичките елити баш и не уживаат да слушаат.

Од друга страна, овие мурали не само што зборуваат за социјалните неправди, туку и вешто го разигруваат монотоното сивило на улиците. Па дури и за оние кои можеби на прва баш и не се сложуваат со пораките што ги пренесуваат, знаеме дека знаат да уживаат во тоа што го гледаат.

За дополнително да ги инспирираме нашите улични артисти да продолжат со развивањето на шаренилото и од Скопје да направат Берлин на Балканот, издвоивме пет артисти кои на маестрален начин ги богатат зградите ширум светов, во случајов не вклучувајќи го Bansky, бидејќи за него веќе знаеме и какво кафе пие со омлетот за доручек.

 

 

Blu

Италија

Blu e италијански артист базиран во Болоња, а неговите дела се лесно препознатливи со оглед на тоа што креира мурали од епски размери. Обично пораките кои ги пренесува контрираат на политичките случувања и се прилично контроверзни.

Со овој street art кој ја разигрува фасадата на социјалистичка станбена зграда лоцирана во Белград, Blu укажува на човековата преференца да ги масакрира зелените површини со цел ширење на станбени комплекси.

Бидејќи Blu сосема ве заинтригира, ѕирнете ја и анимацијава со што ги заживува своите дела во квартовите на Буенос Аирес.

 

 

 

Roa

Белгија

Roa e белгиски артист кој ја искажува својата пасија кон животните со неговиот уметнички стил. Апсолутно е mind-blowing до тој степен да убер-детално ги претставува животните на неговите мурали и со тоа креира прилично морничава слика. Често со неговите дела укажува на алармантната ситуација во која огромен број на видови животни се доведени до раб на изумрување поради човековата надмоќ.

 

 

 

La Pandilla

Порторико

La Pandilla e артистичко дуо составено од Alexis Diaz иJ uan Fernandez. Имагинацијата ги довела дечките до степен да креираат неверојатни хибриди од животни во кои едниот артист го црта едното животно, а другиот другото.

 

 

 

Etam Cru

Полска

Etam Cru е уште едно феноменално артистичко дуо кое ги трансформира досадните згради во Полска, креирајќи масивни мурали со незаменлив колоритет.

 

 

 

Aryz

Шпанија

За крај го издвојувам Aryz, уличен артист кој потекнува од Шпанија. Го карактеризираат многу необични цртежи од човечки фигури.

Интересното околу него е што не цели кон пренесување на одредени пораки со неговите мурали, туку едноставно сака да ја изрази својата креативност комбинирајќи разни бои со што покрива огромни површини. Констатира дека со присуството на интернетот, и со самиот факт што можеш сè да видиш со само еден клик, веќе се изгуби магијата на воспримање на едно уметничко дело.

 

Comments

comments