Начинот на кој смарт-часовниците стануваат меинстрим во оваа 2015 година е многу возбудлив за следење. Смарт-телефоните веќе се дел од нашето секојдневие, а луѓето започнуваат да бараат нов, возбудлив гаџет кој би станал новата опсесија на денешницата. Но, смарт-часовниците претставуваат повеќе од само една нова категорија и апарат кој мора да се има. Тие имаат потенцијал да бидат револуционерни.

Лично, сметам дека Apple е кралот на сите смарт-часовници. Apple часовникот не прави помалку зависни од постојаното проверување на iPhone од нашите чанти или џебови (секојдневно по милион пати) и тоа е она што  мене најмногу ми се допаѓа. Но, можеби ја сакате и другата приказна. Можеби барате најдобри Apple алтернативи (или само сакате да ја проверите конкуренцијата) или сакате нешто што одговара за вашиот буџет или вашиот личен стил на поинаков начин од оној на Apple. Која и да е вашата причина, моментално се достапни овие смарт-часовниците.

Apple Watch

Кога ќе се каже смарт-часовник сите мислиме на Apple. Не е првиот смарт-часовник во светот, но е првиот кој е забележан од меинстрим општеството. Не е заоблен и нема традиционален дизајн, Apple часовникот е многу посебен. Се произведува во две големини и во три модели,- (цената расте за секој тип пропорционално).
apple-small

Motorola Moto 360

Motorola Moto 360 е дефинитивно еден од најдобрите на изглед Андроид смарт-часовници. Класичен тркалезен дизајн, Moto 360 изгледа потрадиционално од Apple часовникот или Pebble, ако барате класичен дизајн. Како и другите смарт-часовници, Moto 360 исто пристига со различни ремчиња, но секако ниедна компанија не мислела толку на дизајнот и на корисноста на ремчињата на смарт-часовниците како дизајнерите на Apple. Од facebook, pinterest ќе најдете голем број апликации кои можете да ги користите.

motorola-full2

Motorola Moto 360

LG G Watch R

Овој часовник изгледа дури и потрадиционално од Moto 360. Освен тркалезниот изглед, овој часовник и отчукува. Тоа е една од карактеристиките која може да им се допадне на многумина. Ги поседува сите стандардни Android апликации, фитнес, Ok Google, навигација итн.. lg-small

Asus ZenWatch

Asus Zen-не се обиде да го копира традиционалниот дизајн на обичните часовници. Има четвртоаголна форма на екранот, меѓутоа на краевите е и малку заоблен за да може полесно да се приспособи на зглобот.-Бидејќи се произведува само во една големина, изгледот е можеби и преголем за женската рака. По мое лично мислење за смарт-часовникот, можеби и традиционалната тркалезна форма не е правиот избор, бидејќи нотификациите не можат да се сместат на тркалезниот екран. Затоа за Asus ова е добар дизајн. Можеби еден од подобрите Android смарт-часовници.

asus-full

Asus ZenWatch

Alcatel OneTouch

Исто и Alcatel,- е смарт часовник кој поседува дел од дизајнерските карактеристики како и  Мото 360. Нивниот дизајн е премногу сличен и ако не сте запознаени подобро со нивните карактеристики можете и да ги измешате, базирано на хардверот, нормално. Впрочем софтверот на OneTouch е со поубав, почист и пошарен внатрешен лик од Мото 360. OneTouch е ориентиран повеќе околу спортскиот дизајн. Отпорен на вода и со спортски ремчиња (изгледа поефтино од спортските ремчиња на Apple кои изгледаат постилски и поубаво).
alcatel-small

Huawei

Уште еден часовник со тркалезен дизајн – може да забележам дека најдобро изгледа од сите часовници со ваков дизајн. Има повеќе од 40 часовници од кои може да се избира, но Huawei (и повеќето од производителите на Android часовниците во таа смисла) ја губат поентата на смарт-часовниците, а тоа не е само да го покажуваат времето. Смарт-часовникот треба да е многу повеќе од дигитален часовник. Apple смарт-часовникот не само што го покажува времето туку и календарските состаноци, здравствено инфо итн..

Huawei-full

Huawei

Olio

За крај, мојот омилен смарт-часовник. Новиот бренд Olio ветува долготрајност и естетска сличност со традиционалните часовници. Целосно е дизајниран од поранешниот дизајнер на Apple-Steven Jacobs, новиот гаџет Ви гарантира долготрајност и издржливост, изработен од не’рѓосувачки челик и дигитализација. Уредот ги ажурира нотификациите, пораките, календарските потсетници на носителот на часовникот. Идејата која лежи зад овој часовник е дека секоја задача може да биде одговорена со Да, Не и Кажи ми повеќе. Ова е слично со мемо-системот кој го користи Обама за да ја води ефикасно својата канцеларија. Овој модел на smartwarch кој работи со Android и iOS, може да се нарача за 595 долари и ќе Ви пристигне ова лето.
olio-small Што размислувате вие? Би купиле смарт-часовник? Оставете коментар.

Comments

comments