Вчерашниот ден, Action Bronson, американскиот рапер со албанско потекло и корени од Скопје, го помина во Старата скопска чаршија, на дегустација на бурек и на ќебапи во Турист.

А после кратката прошетка, Action Bronson (помалку познат како Ариан Аслани), бил специјален гостин во студиото на Гоце САФ, каде се случила спонтана кулинарска-дружба помеѓу Bronson, Гоце САФ и Fat Cacko. Таму, во придружба на мрсен и квалитетен рап, се дебатирало и мезело сарма и пинџур, специјално приготвени за оваа средба од страна на Fat Cacko, креаторот на новиот македонски серијал за готвење, „Fat Кitchen“.

 

 

 

Инаку, поводот за краткото гостување на Action Bronson во Скопје е утрешниот негов настап на првото издание на Sunny Hill Festival во Приштина, еден од најнадежните европски летни фестивали кој започнува денес со перформансот на поп дивата Dua Lipa и ќе трае сè до 13 август.

Повеќе инфо за фестивалот тука.

 

Comments

comments