Ако ти здосадија изреките од типот „абе Скопје не е Амстердам”, „Скопје нема инфраструктура за возење велосипеди”, „се возат велосипеди во Скандинавија и во зима, ама тоа е дел од нивната култура”, или едноставно си го надживеал тој стадиум на перцепирање на нештата, тогаш имаме еден совршен документарен филм за тебе.

На кратко, се работи за американскиот документарец „Bikes vs Cars” кој ја разработува тематиката за велосипедите и нивниот потенцијал како алатка за промена. Го потенцира конфликтот во градовите помеѓу велосипедите, автомобилите и зголемената зависност од фосилни горива.

Во ситуација со сè поголеми гужви и нездраво долго време поминато во кола, климатски промени и жртви на улиците, се сфаќа дека не постои град во светот кој квалитетно го решил прашањето на мобилноста базирајќи се само на автомобилот.

 

 

Дефинитивно потребни се промени, а промената почнува од долу, од обичните граѓани! Ти го имаш велосипедот како алатка.

За проблемов режисерот на Bikes vs Cars, господин Fredrik Gertten има изјавено:
„Зависноста од автомобилот е болест на модерното општество. Ако си зависен од автомобилот секојдневно, тогаш ја имаш изгубено својата слобода. Тоа е многу тажно. Поголемиот дел од луѓето кои се заглавени во сообраќајниот метеж се несреќни. Додека пак, луѓето кои се движат со своите велосипеди низ градовите тие полека прераснуваат во главните градски фаци и вистински фанови на градската култура.”

 

Програмата е следна:

19.45 – 20.15 — Видеа од НаТочак продукција
20.15 – 20.20 — Најава на филм
20.20 – 21.50 — Проекција на Bikes vs Cars
21.50 – 22.00 — Дискусија
22.00 – 22.30 — Дружба во фоајето

 

П.С. Од извори блиски до НаТочак, дознавме дека ќе има некои симболични поклони за сите присутни 🙂

 

Comments

comments