Театарски претстави, музика, поезија, филмови, изложби, работилници и други форми на уметнички случувања се само дел од седмиот Бош Фестивал. Плус сите настани се бесплатни.

Сите слободумници, креативци, уметници и шетачи се добредојдени во нашата Гевгелија од 28-ми до 30-ти август на „инвазија на духот“. Млади дечки од Aрт Еквилибриум со блиски идеи како нашите велат дека „разните форми на активизам на полето на културата и уметноста, уште на самиот почеток во 2009-та година, се наметнаа како неодминлива карактеристика во нашето дејствување“.

Bosh 2014

Сосема случајно во МКЦ запознавме еден од организаторите на фестивалот, Мариа Стојанова и нејзините идеи тотално „кликнаа“ со нас. Еве што она имаше да ни каже:

Која е идејата позади Бош и организирањето на ваков мултимедијален настан?

Бош Фестивал за прв пат се одржа во 2009-та година како посвета на нашиот другар, актер и поет, Бошко Бозаџиевски. Идејата е да пркосиме на сето она што ни беше сервирано во градот од изборот на културната менза, воглавно несварлива, тешка храна за нашиот желудник.

Децентализација на културата и уметноста е една од нашите главни идеи, интервенција во простор и понуда на урбана културна прогама како прибежиште од секојдневието и турбо-кичот.

Bosh 2014

Зошто фестивалот вреди да се посети?

Југ, Гевгелија, град кој мириса на медитеран, опуштени луѓе, поинакво доживување на фестивал, артисти кои најчесто ексклузивно настапуваат во Македонија, дружба, плажа (иако немаме море), добар начин да се завши едно лето…

Годинава Бош ја одби трошката финансии од Општина Гевгелија и фестивалот се оддаде на целосно самофинансирање и потполна независност. Со оглед на тоа, очекувам да им го дадеме на публиката тоа што го заслужува, затоа што и самата публика годинава го креира Бош, со своите донации, помошта и поддршката.

Фестивалот е бесплатен. Но, каде би можеле посетителите да се сместат?

Да, сите настани на Бош се бесплатни. Посетителите можат да се сместат во нашиот камп по цена од 100 денари од шатор за вечер или да се сместат по сместувачките капацитети во градот. Во кампот ќе има свеж готвен оброк за ефтини пари. Обезбеден превоз до Сифулајка…

Bosh 2014

Кои артисти ќе имаат свои перформанси?

Музика:

Театар и перформанси:

Перформанси, ДЈ сетови, поетско читање, дружења, плажирање на нашите Сифулајски острови, е дел од програмата која ќе биде застапена на овогодинешниот Бош7.

Значи еве една одлична причина да се прошетате низ Македонија и да ја посетите Гевгелија, а и еден добар начин да го завршите летото. На наша плажа, освежени и духовно инспирирани.

 

Comments

comments