CreArt Sкopje 2020

Museum of the City of Skopje

 

Град Скопје од 2017 година e партнер во проектот CreArt (Network of Cities for Artistic Creation), ко- финансиран од програмата „Креативна Европа“ на Европската Комисија.
Проектот CreArt (Мрежа на градови за уметничко творештво) преставува европска мрежа составена од градови и јавни и приватни културни институции. Целта на проектот е да одговори на одредени потреби што ги споделуваат европските културни институции и уметници: да го максимизираат
економскиот, социјалниот и културниот придонес кој визуелните уметности можат да ги направат со подобра поддршка на уметниците, менаџерите, индустријата и пошироката јавност, овозможувајќи им да креираат, изложуваат и да уживаат во уметничките дела, како и да добијат пристап до обуки преку семинари, резиденции на уметници, работилници и истражувачки програми.
CreArt го воспостави годишното прославување на „Европскиот ден на уметничка креативност“ (European Day of Artistic Creativity) на 21 март во сите градови кои се дел од оваа мрежа, но и во градови и институции од Европа кои сакаат да ѝ се приклучат на иницијативата. Целта на иницијативата е истовремено одбележување на уметничка креативност во цела Европа, со отворени активности во музеи, јавни и приватни културни институции, уметнички училишта, галерии, училишта, трговски и угостителски објекти и слично.
Европскиот ден на уметничка креативност е замислен како настан кој треба да стане отскочна штица за нови, оригинални и неопходни идеи насочени кон публиката, јавноста, професионалците од областа на културата, институциите и слично.
Градот Скопје во соработка со Музеј на град Скопје по втор пат и оваа 2019 година го одбележува “Европскиот ден на уметничка креативност“ преку серија од активности кои вклучуваат изложби, уметнички разговори, работилници за дизајн и рециклирање на материјали со учество на училишта, ученици и студенти по дизјан, а истите ќе се оддржуваат на повеќе локации во Скопје.
Една од главните цели што „Европскиот ден на уметничка креативност“ се обидува да ги следи е да докаже дека креативноста е став, вештина присутна кај луѓето, која може да се стимулира и збогати.
Со приклучување кон мрежата на градови CreArt, Град Скопје внесува иницијативи во културниот живот во Скопје во полето на визуелните уметности преку воспоствување на нови меѓународни партнерства и размени, а истовремено им овозможува учество на уметниците и кураторите од Скопје во програмските активности кои се оддржуваат во градовите-партнери во проектот.

Град Скопје

 

Since 2017 the City of Skopje has been a partner in the CreArt project (Network of Cities for Artistic Creation), co-financed by the program of the European Commission “Creative Europe”.
The CreArt project (Network of Cities for Artistic Creation) is an European network of cities and public and private institutions. The aim of the project is to meet the needs that are shared by European cultural institutions and artists: to maximize the economic, social and cultural contribution that visual arts can make with enhanced support of the artists, managers, industry and the general public, allowing them to create, exhibit and enjoy artworks as well as gain access to training through seminars, residences of artists, workshops and research programs.
The CreArt project has launched the annual celebration of the European Day of Artistic Creativity on 21st March in all the cities the under the “Network of Cities for Artistic Creation”, and in the cities and institutions across Europe wanting to join initiative. The purpose of the initiative is artistic creativity in all Europe to be marked simultaneously by organizing open activities in museums, public and private institutions, art schools, galleries,
schools, shopping and catering facilities, etc. The European Day of Autistic Creativity is established as an event that should become the springboard for new, original and necessary ideas aimed at the audience, general public, professionals in the field of culture and institutions.
The City of Skopje in collaboration with the Museum of the City of Skopje celebrates the European Day of Artistic Creativity for the second time in 2019 through a series of activities involving exhibitions, artistic talks, workshops for the design and recycling of materials with the participation of schools, students and university students who study design and the activities will be held in several locations in Skopje. One of the main aims that the European Day of Artistic Creativity is trying to pursue and prove the idea that creativity is an attitude, a skill that is present within people and that as an ability can be stimulated and enriched. By joining the network of cities for artistic creation., i.e. the CreArt project, the City of Skopje introduces initiatives in the cultural life in Skopje in the field of visual arts through establishing new international partnerships and exchanges, and at the same time enables the participation of artists and curators from Skopje in the program activities that take place in the cities-partners of the project.

 

The City of Skopje

 

 

Comments

comments