Оригинално објавено во The Photographic Journal
Фотографира и пишува: Натали Башоски
Модел: Du’Bois A’Keen

 

Последниов период опседната сум со улична фотографија. Константно трчам по улиците и гледам да го уловам најдобриот можен момент затоа што сум во континуиран лов на моменти, моменти кои се есенцијата на целокупното доживување на местото и неговата исполнетост со тотални странци.

Но кога фотографирам модни портрети, јас ја добивам улогата да бидам „во тотална контрола над есенцијата и изразувањето на мојата потсвест” со директна насока кон мојата работа. Секоја композиција, палета на бои, движење и изразување се проекција на тоа што јас сакам да кажам, но без соодветните зборови.

Исто така последниов период фотографирам со 35мм филм, што кога се работи за улична фотографија многу ме возбудува моментот кога ќе ме изненадат лицата на странците кои ми се појавуваат на екранот додека ги развивам негативите. Но додека ги развивав сликите за овој серијал бев изненадена од фактот дека учењето за мојата потсвест ја даде насоката на овој проект за да стане тоа што е денес.

 

 

Comments

comments