Ако на интервју за работа ме прашаат „Која е твојата слабост?”, мојот одговор ќе биде – гледање на видеа со екстремни спортови.

Секојдневно „губам” по неколку саати на пребарување, гледање и анализирање на видеа со екстремни спортови, пред сè поради визуелно-фантастичните кадри и моменти. Но единствениот проблем кај овие страшно квалитетни видеа беше тоа што, сè до денес, мислев дека постојат секаде, само не кај нас. Сепак, се појави едно видео деновиве од домашно производство кое ми го смени мислењето во целост.

Доупнесс (состојба во која одреден предмет, место, настан и личност содржат забележителни квалитети) е платформа каде сите талентирани и храбри луѓе можат да го прикажат екстремниот спорт кој го практикуваат, раскажан преку нивната биографска приказна, во видео формат.

Баш пред некој ден излезе тизер видео за новата втора сезона, која ќе има вкупно 12 емисии. Видеото е снимено на повеќе локации низ Скопје (скејт парк, Водно, Кале, Железничка станица…) и е партали. Целово видео немаше да биде тоа што е (т.е. немаше да биде воопшто) да не беа македонските блејдери, скејтери, бајкери, графити цртачи, паркур скокачи, хип-хоп танчари и целата Доупнесс комуна.

 

Comments

comments