Луѓето кои ти препорачуваат добра нова музика се толку важни, колку што се ретки.

Посебно место имам резервирано за таквите луѓе во мојот живот, место до кое не е лесно да се стигне, а денес барем за момент ќе се обидам јас да бидам тој човек во твојот живот. Подолу е мојата листа со 10-тина (релативно) нови песни, чиј звук ги исполнува канцелариите на Reborn последните неколку недели.

Како и во секоја ваква плејлиста, некои од песните заслужуваат да бидат особено нагласени:

 

„Saturnz Barz“ од Gorillaz

Како и сите останати Gorillaz фанови, поминав цели 6 години чекајќи да објават нешто ново. Конечно, овој јануари издадоа нова песна, Hallelujah Money, со која, да бидам искрен, ме разочараа.

Сепак, мојата надеж во Damon и екипата се врати со нивната објава на 4 нови песни на крајот на Март – секоја од нив многу различна од останатите, но со задржан Gorillaz-шмек.

Saturn Barz ми остави најдобар впечаток. Снимена во соработка со јамајканскиот DJ Popcaan, песнава на прва звучи како нешто што излегло од главата на Diplo. Но после неколку внимателни слушања почнуваш да сфаќаш дека станува збор за чист продукт на генијалноста на Damon Albarn.

Новиот албум наречен Humanz, пристигнува на 28 април.

 

 

 

„Pipe Dreams“ од Nelly Furtado

Со нејзиното ново видео и воопшто целиот нов бренд/изглед, Nelly му најави на светот дека ги поминала последните неколку години листајќи по Tumblr и проучувајќи ја Lana Del Ray. Касни отприлика 5 години на муабетот „ретро е кул“, но и покрај тоа, нејзината нова музика е сериозно добар поп кој вреди да го чуеш. 

 

 

 

„Sugar for the Pill“ од Slowdive

Пополека се спремаме за Здраво Млади 7.

 

 

 

Целосната #RebornPlaylist (април 2017)

 

 

Snoop Dogg x BADBADNOTGOOD – Lavender (Nightfall Remix)

 

 

Alt-J – In Cold Blood

 

 

Logic – Everybody

 

 

Little Dragon – Sweet

 

 

Howling – Phases

 

 

Tei Shi – How Far

 

 

Gorillaz – Let Me Out

 

Comments

comments