Елпида Хаџи-Василева е една од најперспективните македонски уметници која успешно се пробива на светската арт сцена. Од денес (1ви септември) до 20ти септември, ќе имаме прилика да ја посетиме нејзината самостојна изложба во Скопје.

Елпида која живее и твори во Лондон, користи животински органи и преку хемиски процес сличен на балсамирање ги трансформира во уметнички дела. Звучи чудно, но мораме да признаеме дека сме неверојатно заинтересирани – ова е ретка прилика да се погледне ваква инсталација.

Изложбата во Скопје (во галерија ОСТЕН) се состои од инсталација од пет нејзини дела – мембрани од свински желудници на црни основи 20 х 20 см на панели со различни димензии. Во исто време ќе бидат промовирани двете графички мапи: „Вродена убавина 3“ и „Просторни инсталации“ на уметнициата, со кои таа се вклучува во проектот на ОСТЕН – 70 графички мапи за 70 години ОСТЕН.

 

Фото: Инсталацијата „Haruspex“ (2015) // овие дела не се дел од инсталацијата „Вродена убавина 3“ во Скопје

Фото: Инсталацијата „Haruspex“ (Лондон, 2015) *овие делa не се дел од инсталацијата во Скопје

 

За делото „Вродена убавина“, критичарката Ана Франговска вели: „Визуелната сензација на нејзиниот концепт… лежи во мултипликативноста, монохроматската миметичност на претставата, која се менува од квадрат во квадрат, истакнувајќи ја текстурата како предоминантен елемент и истовремено креирајќи ритмички привидна динамичност. Секоја единица/квадрат има различна, своја, поинаква поетичност, печат, егзистенција, пулсација.“

Придружете ни се вечер во 20:20 во галерија ОСТЕН на оваа посебна прилика да се види оригинална инсталација на наша уметница со исклучително богата едукација и бројни изложби во европските „меки“ на уметноста.

 

Фото: Инсталацијата „Haruspex“ (Лондон, 2015) *овие делa не се дел од инсталацијата во Скопје

 

 

Comments

comments