За тие што сеуште не ги знаете Fierce, еве еден одличен начин да ги запознаете.

Opak“ е песна од деби албумот на Fierce кој беше издаден во ноември 2015. Fierce се Сенад Усеин – труба, Борислав Веселинов – алто саксофон, Марко Василевски – контрабас, Виктор Филиповски – тапани/перкусии и Горјан Стојменовски на гитара.

„Во креирањето на стилот на бендот учествуваме сите како поединци, т.е. секој од нас придонесува со секоја отсвирена нота“, изјавија Fierce во интервју со Reborn. „Нашиот стил е фузија од повеќе правци и жанрови, така што не би можеле да го класифицираме во одреден тип на џез правец.“

Нивниот деби албум беше и набројан меѓу најдобрите албуми од 2015 според неколку македонски музичари. Дарко Стојоски од Foolish Green го опиша албумот како: „добра музика, добар звук, добра продукција, добри музичари – што повеќе?“

 

Comments

comments