Ако Скопје го има Desonanz, Штип го има GreenFest. Настан кој ќе ги задоволи вашите апетити за техно и електронска музика. Фестивалот ке се оддржи на 17-ти октомври (сабота) во Дом на култура ФОАЈЕ Штип.

Tимот на техно фестивалот GreenFest оваа година повторно работи со полна пареа најавувајќи ДЏ од светски рамки. Ѕвезда на вечерта ќе биде јапонката HITO, понежната половина во светот на техно музиката. Девојката која што е резидент ДЏ на сите изданија на ENTER низ IBIZA и ширум светот, ќе настапува во Штип на 8-то издание на фестивалот.

HITO е позната по своите соработки со едни од најдобрите техно изведувачи како што се: Richie Hawtin, Dufire, Matador, Paco Osuna, Nina Kraviz, Sven Vath, и многу други.

 

 

Како локална подршка ќе бидат DJ Flooder и Nennat Omen.

Влезниците за GreenFest до сабота 17.10.2015 ќе бидат по цена од 100 денари, а на врата по цена од 200 денари.

 

Comments

comments