Фотографии: Елена Фиданска

 

Појаснувањето за финансиите на Кери Бредшо ме измачуваше можеби 10 години.

Како тоа само со пишување по една колумна може да живее таков живот? Како жена од триесет и кусур години не се заозбили и не почне да бара работа „со решение“. Шо ќе прави за пензија? И ред други прашања што е нормално да си ги постави дете родено и израснато (иако само неколку години) во социјализам.

Последниве неколку години, на мое големо изненадување, запознавам сè повеќе млади кои заработуваат и се само-вработуваат како фриленсери. На голем број од нив канцеларии им се кафичи, хабови или простории каде може да се изнајми само едно столче и еден-метар-маса. На некои од нив и самиот iPhone им е канцеларија (зборувам за оние што живеат од постирање на слики на слики на Instagram).

 

img_1491

 

И по се игледа, не било само околу мене. Светот е преплавен со фриленсери и луѓе кои повеќе не се обврзани да посетуваат било каква физичката канцеларија. Не е само појава, туку едно цело ново движење.

Ако разгледаме хронолошки, во 80-тите светот (а кога викам светот, мислам Америка) го забележа движењето на Young urban professionals, познати како Yuppies. Тоа беа оние млади лица кои ги гледавме по филмовите, со чудни, три броја поголеми мантили и штотуку завршен факултет, кои работеа административни работи и се движеа низ улиците на Менхетен со coffee-to-go во рака. На прва помислувам на American Psycho. Генерално, тоа што им беше заедничко е дека заработуваа многу, имаа телефони со антени и уживаа во скапиот лајфстајл.

Следни на тронот на популарноста седнаа хипстерите, за кои сериозно се намачивме да ги дефинираме. И не знам дали воопшто некогаш успеавме. Сè што разбирам е дека дефиницијата е многу поширока од што на почетокот мислевме и дека дефинитивно не може да се класифицираат толку лесно. Би можела да набројам најмалку 10 подгрупи на хипстери.

А тоа што се чини дека доаѓа денес, низ западот, а пополека и кај нас, се така наречените (според Mashable) Young urban creatives или Yuccies (се изговара Јакис). Yuccies се надградена и проширена верзија на идејата за хипстер. Ги делат истите пасии како и хипстерите, со еден плус – зголемен осет за бизнис. Тие повеќе би сакале да заработуваат и да бидат вреднувани за својата работа, отколку да ја имаат истата функција, но да работат на нечиј туѓ продукт. Посветени се на работата преку целиот ден, со сета своја енергија, и не се ограничуваат ни со време, ни со место. Можеш да ги сретнеш во кафич, на клупа, во парк или на скали. Некои до нив седат до тебе на автобус додека работат на нивната онлајн маркетинг стратегија.

 

img_2085

 

Сакаат да се збогатат, но да го направат тоа работејќи на својата пасија. Достигнување на креативна автономија е сон на секој Yuccie. Тоа што си го студирал не мора да ти биде животна определба. Флексибилноста и способноста да го изведеш најкреативното од себе, а притоа да успееш да го продадеш, е една од подобрите карактеристики на овие луѓе. Голем дел од нив по дипломирање на факултет за медицина, станале copywriters или по завршување на правен факултет, започнале свој онлајн бизнис за дизајнирани маички.

Тие внимателно ја планираат иднината, внимаваат на сопствените постапки и следат трендови и нови технологии. Го почитуваат тетовирањето и се тетовираат, но за разлика од хипстерите, избегнуваат тетоважи на видливи места, затоа што можеби ќе им пречи за бизнис еден ден.

 

Како најлесно да ги препознаете:

1. Користат строго Google Chromе и сите придобивки на Cloud технологиите на Google.
2. Поседуваат iPhone и Macbook (кај нас – кој колку има, или кој има другар на Work & Travel).
3. Не разбираат како некој може да користи Android телефони. Не можат да се снајдат на Android софтвер.
4. Објавуваат фотографии од крилата на авионот, заедно со иницијалите на аеродромите и мал милион хаштази. Traveling from SKG>MLN #escape #newhorizons #explore #crazy #epic #havingfun #сеселиме #назапад #ниносеплашиодлетање #стјуардеси #иметонегодаваме.
5. Трчаат полу маратони. Колку-толку, а ич?
6. Авокадо is the new black. Со сè и на сè го јадат.
7. Омилени и единствени цвеќиња што ги поседуваат се кактуси и сукуленти. Оние што не бараат вода, а можеш да ги офарбаш со секакви бои.
8. Користат стаклени шишиња за пиење вода од чешма.
9. Не поседуваат принтер.
10. Се жалат како сите околу нив се мажат/женат.
11. Постојано се жалат како се стари и со носталгија се присетуваат на некои филмови и песни од детството. Да, најчесто имаат 24-25 години.
12. Добро заработуваат но немаат канцеларија. Можеш да ги видиш со отворен лаптоп во места што имаат добар Wi-Fi и кафе.
13. Доаѓаат на Reborn настани.

 

Оригиналноста им е најсилна страна. Својата оригиналност и креативност ја остваруваат преку работење на својата пасија, а не во некоја корпорација или досадна административна работа. Нивна првична цел е да бидат општествено корисни. Својот креативен капацитет паралелно го користат и за свои цели, но и за цели кои помагаат да се подобри околината околу нив. Еволуцијата на свеста кај нив е доведена до степен да се свесни дека тие се тука да направат промени и дека МОЖАТ.

 

img_1497

 

Во никој случај не би сакале да ја потцениме важноста на оваа група млади луѓе, бидејќи ти се нашите водичи низ креативниот и урбан начин на живеење зачинет со активизам и слобода. Можеме да се пофалиме дека после подолг период доаѓа време на нова генерација кај кои инидивидуализмот, креативноста и слободата и се на едно повисоко ниво, од она што досега ни беше познато. Затоа, подгответе се за едни нови дечки и девојки кои се спремни да остават печат на своето време.

А како за крај, ако немаш државна работа, не е крај на светот. Светот започнува после отказот од државната работа.

 

Comments

comments