Те етикетираат за досаден зашто во денот гледаш најмалку 3 различни македонски вести и едни на германски кои не ги ни разбираш? Гледај „Информа”.

Во сабота или недела во потрага по добар филм како за пред ручек, ќе прошеташ накај Телма и ќе налеташ на „Информа”. Десетминутен магазин, совршен за почетници-гледачи-на-вести. Пушти им го на сестра ти и брат ти следниот пат кога ќе се трудиш да им објасниш зошто гледањето на информативни емисии е важно.

 

Субвенционирана музикаPosted by Информа on Tuesday, April 12, 2016

 

Тимот на Re го привлече начинот на кој екипата на „Информа” ги споделува информациите со светот — во формат целосно прилагоден на времето во кое живееме. Почнувајќи од изборот на темите, времетраењето на епизодите, па сè до визуелниот аспект на емисијата. За пример, ѕирни го видеото подолу во кое објаснуваат што е „crowdfunding”.

 

#Crouwdfunding во #Информа

Posted by Информа on Tuesday, May 10, 2016

 

На „Информа“ налетавме по гледањето на „Џган”, па Сара Климовска, презентерката на вестите, беше таа која нè натера да го вклучиме телевизорот и да и се предадеме на емисијата. Сепак, „Информа“ е резултат на еден поголем тим во кој спаѓаат: Сара МиленковскаИван Алусевски, Марко Наумовски, Николај Митрески, Христина Ѓорѓиевска, Симон Стојановски, Лиле ТанчеваАлександар Ташковски, Шенол Мехмед и Диме Ѓорѓиевски.

Sирни ја „Информа“ на Телма, секоја сабота и недела од 13.15 часот. А ако веќе ја впи дневната доза на Телма, „Информа“ може да ја најдеш и на Facebook, Twitter и нивниот Youtube канал.

 

Comments

comments