„IS THERE ANYBODY OUT THERE?“, ИЗЛОЖБА НА НИНА СИМОВСКА

21.00
Concept 37

„Is there Anybody out there?“ е името на третата самостојна изложба на Нина Симовска. Создадена под влијание на музиката и дел од текстовите на култните Pink Floyd, оваа изложба претставува сопствен, моќен и индивидуален одраз на длабоки емоции со кои авторката се идентификува.

 

ГРАФИКА МАЛ ФОРМАТ

12.00
Сули Ан

Катедрата по графика при ФЛУ традиционално ја организира предновогодишната изложба ГРАФИКА МАЛ ФОРМАТ. Ќе бидат изложени графики на студентите од додипломски и последипломски студии на Факултетот за ликовни уметности – Скопје.

ИЗЛОЖБА: „КАКО СНЕЖНА ТОПКА…“

19.30
Факултет за ликовни уметности – Скопје (Педагошки факултет)

Изложба на групата МОМИ. Преку интерактивен перформанс, делото ќе биде надополнето и комплетирано со нови содржини. Добредојдени се сите да учествуваат во овој процес. За таа цел можете да подготвите и донесете сопствено видео или фотографија (до 100МB) на својот мобилен телефон.

„ПЕСНА ЗА МАЈКА МИ“

20.00
Кинотека на Македонија

Игран филм, Франција, Турција, Германија (2014), 90 мин.
Режија: Ерол Минтас
Улоги: Фејаз Думан, Зубејде Ронахи, Несрин Каваѕаде

THE LIGHT FANTASTIC

17.00
ПМФ

Двочасовно патување со светлината како ваша придружничка. По повод годината на светлината, на ПМФ ќе се одржи настан со кој ќе ви се доближи фантастичната природа на светлината преку спектакуларни експерименти и демонстрации.

ПРЕМИЕРА НА „РАЗГОВОРИ ВО ЧЕТИРИ ОЧИ“

20.00
МНТ

Во претставата „Разговори во четири очи“ централниот лик на приказната, Ана Бергман, се соочува со сопствените избори и одлуки, со последиците од животот во мачниот брак, исполнет со тешкотии, со насилство, со чувство на вина и патење. Автор: Ингмар Бергман; Режисер: Нина Николиќ; Адаптација на текстот: Тамара Барачков. 

НАШИОТ КЛАС

20.00
Театар за деца и младинци

Режија: Владимир Милчин; Играат: Владимир Лазовски, Предраг Павловски, Драган Довлев, Бојан Кирковски, Мартин Јорданоски, Мики Анчевски, Ненад Митевски, Наташа Петрововиќ, Емра Куртишова, Симона Спировска

THE BEATLES WITH MISS MARQUI

21.00
Magor Book Café

The Beatles! The Beatles! The Beatles! Нема потреба од повеќе детали, среда е ден за играње со Бубачките

 

LA COLONIE VOLVOX ПРОМОТИВЕН КОНЦЕРТ НА НОВИОТ АЛУМБ „BLUE BIRD“

21.00
Кино Фросина, МКЦ

„La Colonie Volvox“ ве покануваат на концертна промоција на албумот „Blue Bird“, која ќе се одржи на 24 декември во Кино Фросина во МКЦ. По долго експериментирање со џез и традиционална музика, со својот шести студиски албум групата се враќа на пишување песни, стихови и аранжмани.

TWO GENERATIONS

21.00
Old School Cafe

Оваа вечер одговорни за звукот во Old School Cafe се: Marko Chvarko – клавијатури и вокал, Kristijan Ginoski – гитара и вокал, Elena Cadikovska – кахон и вокал.

ЛЕТЕЧКИ ПЕКИНЕЗЕРИ

22.00
Менада

Bojan Petkov – guitar
Ivo Soldatovic – clarinet
Kiril Tufekchievski – bass
Petar Hristov – tenor saxophone
Slavcho Kocev – drums

 

ШТО СЕ ТРЕСЕ ВО МКЦ?

21.00
МКЦ

За љубителите на збирки поезија, творештво, џаболебарите и сл., во прилог повеќе информации. Отворена прозивка до сите играчи од градот! На 25ти Декември да ги понесат своите колкови и насмевки, и да ги стават во оптек со што би се приклучиле на моќниот љубовен сервер при Денсинг хол, МКЦ. „Што се тресе во Младински културен центар?“, настан овозможен од група на креативци и млади ентузијасти.

ПЕТОЧКИ АФТЕРВОРК ВО SPEAKEASY

22.00
Speakeasy

Хендрикс џин со четири различни комбинации – elderflower tonic, tonic, ginger alе и spicy ginger за совршен петочки афтерворк во Speakeasy со тапас за целосно доживување.

DJ BLASCH & NYN [ZAGORJE UNDERGROUND-SLO]

23.45
СЕКТОР 909

Овој петок на подиумот на Сектор ќе бидат DJ BLASCH & NYN [Zagorje Underground-SLO].

ROLLERS DELIGHT W/ HIGH ROLL

23.59
Капан Ан

После скоро една година, во петок 25ти декември во Капан Ан ни доаѓа бугарското динамично дуо – High Roll (HMSU / Formation Records). Повеќе инфо следува наскоро.

 

 

SKOPJE UNDERCITY FESTIVAL 2 (JON RUNDELL / U-RECKEN / FRENKIE)

20.00
МКЦ

2ро издание на фестивалот и воедно најголемата предновогодишна забава со електронска музика и концертна програма. После одличната забава со Kovalski, Electric Universe и Prti Bee Gee, следува уште подобро продолжение.

ЏАМБО ФЕСТИВАЛ

20.00
Метрополис Арена

Игор Џамбазов за прв пат Ви го претставува предновогодишното лудило кое ке трае со саати. Влезниците се веке во продажба во МК TICKETC.

PRE-NEW YEAR HUNGER

20.30
VOX Night Club

GEARS – Вистински Металкор, мелодичен и бучен. Примамлив за сечие уво. TRENDKILL – Брз Кросовер, со олд скул треш влијаниа. Circle Pit одма. CORTEX – Мрсен Дет метал, моќен за целиот универзум. METANOIA – Осум-жична атмосфера , дрзок Прогресив метал.

BADU BAR 3 YEAR BIRTHDAY PARTY (DJ CHVARE + DJ FLOODER)

21.00
Баду Бар

Баду Бар ќе слави трет роденден. Сите сте поканети. Dj Chvare и Dj Flooder ќе пуштаат музики, а Jack Daniels ќе загрева.

ISON / ARKI / NON

23.45
Сектор 909

Саботата е резервирана за  Ison & Arki.

 

ПОД ЗЕМЈА ПОЛЕСНО СЕ ДИШЕ

19.00
Кула

Старата, веќе проверена локација, гаражите кај плочник, ќе биде привремено отелотворување на низок орган на извршната власт, каде дента ќе се оддржуваат стандардните секојдневни активности министерски – журки и хамбургери.

Претстава, нови бендови и измешани видео ен саунд инсталации, скулптури и спејс инсталации се само дел од програмата, која ја добивате заедно со силната предновогодишна еуфорија.

 

Comments

comments