Понеделник 17.7.2017

[18.30] Мрдаме со прст и чистиме во маало! // Скопје

Драги мрдачи со прст,
Имате отворена покана за низ забава и музика, да ги засукате ракавите и да ги разубавите скопските маала!
Приклучете се на 17.07 (понеделник) од 18.30 часот, под мостот на железничката станица во близина на ул. Венјамин Мачуковски (https://goo.gl/8Pnrqs), заеднички да ја исчистите и разубавите оваа област – понесете си ентузијазам.
Тони Зен, DJ Goce SAF, хип хоп групата Beatrix Crew, Марко Новески и графити артисти ќе бидат тука за да покажат дека и чистењето може да биде забавно и весело.

 

[21.30] Понеделнички акустики со KUMA & CRNI // Long Play

Акустична свирка со добро познатото дуо Kuma & Crni. Пијачки по промотивни цени.

 

[21.30] Milonga Hash // Hash Bar

Понеделник и танго, комбинација од соништата!

 

[23.55] Havana Mondays | Bionda Live Performance // Летен Клуб Хавана

Понеделник во Хавана

“Bionda band” настапуваат со нивниот богат репертоар исполнет со безвременски македонски и странски рок хитови.

Бидете дел од летната приказна на Хавана и уживајте во музиката со ладна пијачка.

Пијачки 50% попуст

Влез: Слободен

 


 

 

 

Вторник 18.7.2017

[18.30] Емоционално јадење // Психолошко катче

„Чоколадото не поставува неважни прашања. Чоколадото разбира“

Повеќето режими на исхрана се краткорочно успешни, или пак се непрактични. Тоа е така затоа што Вие рационално знаете дека треба да внесувате помалку јаглехидрати, да елиминирате бело брашно и шеќери, и да вежбате редовно, да се храните редовно и здраво. Но, она што диетата не ви го кажува, тоа е како да се носите со гладта, со желбата за пециво или слатко; како да се справите со работниот стрес, со тагата, со здодевноста, со незадоволството, со животните промени, и сл.

Ова предавање е наменето за сите Вас кои посакувате да научите како ја подигнете својата емоционална свесност и креативно да управувате со своите емоции.

По предавањето, следи кратка медитативна вежба за остварување на емоционален баланс.

Предавањето е дел од летната програма на Психолошко катче и циклусот предавања „Психолошки празговори со медитација ” . Повеќе за програмата на следниот линк:
http://psiholoshkokatche.simplesite.com/424717940

Цената на ова предавање изнесува 450,00.

Групите се ограничени на 10 – 15 учесници, и затоа пријавувањето е задолжително на 072/311-677 и psiholoshko.katche@gmail.com

 

[23.59] Шизи во вторник со SureShotz // Летен клуб Хавана

Ново шизење не очекува овој вторник во летниот клуб Хавана. Овој пат, покрај стандардните dj Shorty P и dj Irie Scratch, има и гостин, и тоа еден од пионерите на реге музиката во Македонија – Reggaesaurus Geto Rudi со свој reggae и dancehall сет. Како и секогаш, влезот е слободен, а пијачките на 50%.

 


 

 

 

Среда 19.7.2017

[19.00] Професионален Фенг Шуи консалтинг // Public Room

Што е потребно за Фенг Шуи консалтинг? Kако до нацрт план на вашиот животен простор? Со која цел се применува Фенг Шуи консалтинг и проектно уредување? Кој е бенефитот од примена на Фенг Шуи принципите во вашата сегашна животна состојба?

Во фаза на уредување и реновирање на станбен и деловен простор добијте совет за насоки на планирање проектни решенија согласно Фенг Шуи принципите за здравје, благосостојба и успех.

Настанот го води aрхитект и Фенг Шуи консултант Моника Конеска.

Билети: 500 денари

Пријавување и резервација на билет на contact@publicroom.org

 

[21.00] Неделна програма // Рок Кафана Рустикана 2.0

Агендата во 2.0 од среда до сабота изгледа вака:

Среда – Блузање со InThe Mood Blues Duo и промо на 8 вида виски после 21:00

Четврток- Кириличен рокенрол со Audioskopje и шизење после 21:30

Петок – Classic R’n’R едукација со Ringroad после 21:30

Сабота – 20% промо на бургери од 14:00 – 18:00, a вечерта акустична дружба со Marko Kuma Markovic и Владимир Чадиковски после 21:30

*Недела е неработен ден во 2.0 во наредниов период

За информации и резервации пишете ни во инбокс или јавете се на 075478134

 

[21.00] Hangover Party // Бла Бла Клуб

Друштвени игри со алкохол, награди и луда журка без ограничувања. Цените на сите пијачки по 70 ден.

 

[21.00] Пост-панк свирка: No No Instigator // Социјален центар Дуња

По мал летен сон (заради јаките горештини) продолжува летната сезона на свирки!

Овојпат гости се No No Instigator, пост-панк трио од Загреб. Постојат веќе една година, а зад себе имаат едно неформално EP издание (https://nonoinstigator.bandcamp.com/album/-). Првиот албум се очекува на почетокот на есента. Во свирката ја комбинираат класичнита постава (бас, тапани и гитара) со ритам машина. Потсетуваат на доцните седумдесетти и рани осумдесетти, на Joy Division, The Cure, Front 242, Dobri Isak, Šarlo Akrobata, Paraf итн. После околу 30 концерти низ регионот летово ќе поминат двонеделна турнеја по Балканот и Алпите. Во Скопје доаѓаат на 19.07 (Среда).

Влезот, ко по обичај, ќе биде на препорачана донација за поддршка на бендот и подмирување патни трошоци.

 


 

 

 

Четврток 20.7.2017

[19.30] Турлитава – заедно е послатко // Мобилна галерија – Парк на Франкофонија

Со цел да се одбележи 22 јули како ден посветен на жртвите на дела од омраза – акција на Советот на Европа, овoj четврток (20 јули), по четврти пат ќе се организира настанот „Турлитава – заедно е послатко“ во Паркот на Франкофонијата во Мобилна / Монтажна Галерија, во 19.30 часот.

Идејата со која се организира настанот е надминување на меѓусебното непознавање на различните етнички групи во нашата држава, како најчеста причина за создавање конфликтни ситуации, односно ситуации кои водат кон дела од омраза.

Ќе се организира пикник на кој ќе бидат претставени вкусни традиционални специјалитети застапени во различните етнички кујни во Македонија (македонска, албанска, турска, ромска, српска, бошњачка и други), во директна смисла ќе се посочи на различноста како можност за споделување. Тоа значи дека различните припадности (на етничка, национална, јазична, религиозна, сексуална и други групи) можат да бидат застапени и можат да опстојуваат заедно и еднакво значајно.

 

[21.30] GBLST.CLSSC.5 // La Kana

Ghettoblast classic pt.5

With /
– baltronja
– Hristina Shekerova

++
Architecture + geometry visual pleasure

 

[23.59] Mike Steva // Епицентар

MIKE STEVA [Yoruba Records, Australia]
https://soundcloud.com/mikesteva

Local Support:
DJ Flooder
https://soundcloud.com/dj-flooder

Влез: 150 денари.

 


 

 

 

Петок 21.7.2017

[23.50] Lovefest Launch Party // Sektor 909

Lovefest Launch Party
Dejan Milicevic
Nikola Vemic
Wish.ko

 


 

 

 

Сабота 22.7.2017

[22.00] Saturday // Public Room

И оваа сабота на терасата на Public Room уживање во летните скопски денови, омиленото друштво, коктелите за 100че и селекцијата на џез мелодии на Гордан Спасовски, Кирил Туфекчиевски и Виктор Филиповски за овој викенд.

 

[23.00] Cubanero // Че Кафе Бар

Одамна немало тематска, па време е за мохита, куба либриња и мрдање на кукови.

Кубанска тематска фиеста, пури, коктели, музиче и шашави лелеави шарени партали за мавтање 🙂

 


 

 

 

Недела 23.7.2017

[22.00] BBQ Party #8 // Public Room

Дали сте за петочно, опуштено дружење на тераса?

Ако до сега не сте биле на ове веќе традиционални bbq- дружења се што треба да знаете е дека потребно е да си донесете што поголемо друштво и месо по ваш избор.

Шефовите на Public Room ќе ви го зачинат и подготват месото на грил со многу љубов, и секако бесплатно!

 

Comments

comments