Уште од малечок, така страшно се „палев” на скејт културата (ќути, не кажувај, али сè уште сум во тој филм), што моите родители при секое излегување по нова облека, ме проколнуваа:

> Да не се сведе купувањето на облека само од „моите” продавници

> Преку изреките од типот: „абе го имаш истото, само на црно, ај да одиме во друга продавница”, „не ти стои убаво како некој влечко си”, „е кај ја најде таа маица со тоа језивата рака (за Santa Cruz логото)”…

> За тие пари на друго место ќе купевме 18 памучни маички

Никогаш не ме убедија да ги сменам продавниците, но за среќа нивна, не бев толку упорен за скејтањето како спорт. Само еднаш во животов се обидов да возам скејт, и се предадов на лекција бр. 1 од предметот „Основи по скејтање” т.е. губење на стравот од незгодни и непредвидливи паѓања.

 

2._M_B-Holland-HollywoodLocal-WEB

 

Од тој момент решив целосно да се препуштам на другата страна од скејтерството — носење на скејт патики.

Муабетот, кој сега веќе возрасно го разбирам, е дека скејтањето, сурфањето и бајкањето се толку зацементирани во општествата, што е практично невозможно да исчезнат или да бидат заборавени. Тоа е како на татко ми да му кажам дека боза, ајвар и чварки од утре ќе исчезнат од лицето на земјата. Дефинитивно ќе се случи револуција на граѓаните — поборници на овој култ.

 

Sidewalk-Surfer-1976-©-Hugh-Holland-co-Blender-Gallery

 

А вториот интересен факт е тоа дека сите овие „појави” секогаш ги следеле трендовите и перфектно се вклопувале и интегрирале во истите. Таков пример е со скејт облеката која денес е совршено компатибилна со хипстеризмот, нормкорот и одредени други модни бранови, а со тоа доби и еден поинаков хибриден изглед кој го обожавам и народски кажано — „си гази” по светов.

Почетоците на овој лајфстајл пред сè се од Калифорниските скејтери кои во 70тите и 80тите „палеле и гаселе” по булеварите, сокаците, празните базени и бројните скејт паркови во нивните градови. За овој феномен, фотографот Hugh Holland кој има документирано премногу јаки фотографии од тоа време изјавува:

 

rediscovered-photos-of-the-70s-hollywood-skate-scene-body-image-1439399072

 

„Скејтањето во 70тите беснееше како див оган низ Калифорнија. Знам дека беше присутен низ целиот свет, но Калифорнија беше епицентарот. Едноставно сè што имам фотографирано беше во еден здив. Тоа беше почетокот на крајот. Почеток на популаризацијата и масовизацијата на скејт културата и крај на неговата искреност, чистина и слободен дух”.

Како групација или банда на скејтери која се одвојувала од другите во 70тите бил Zephyr тимот (името го земале од еден сурф шоп) кој царувал во Јужна Калифорнија. За да ви стане појасно моја препорака е да го гледате филмот „Lords of Dogtown” кој целосно ја обработува темата за Z-Boys и нивните животи.

 

M-B-Holland-SkateContestSpectators-copy

 

Познати како Z-Boys, овие дечки биле првите кои го презентирале ниското скејтање, имплементирале сурф движења и едноставно биле премногу кул и со стил.

Но нивниот стил се одликувал со лежерност и опуштеност под влијание на сурфеските корења кои ги имале и близината на Venice Beach и целиот нејзин сјај.

За уште поголемо уживање повелете една мини галерија од тоа како изгледала скејт културата во 70тите во Калифoрнија.

 

Галерија

Фотографии: Hugh Holland

 

Comments

comments