„Што ќе си посееш тоа ќе си пожнееш“ беше народната? МакеДокс посеа семка и порасна кромид.

Секоја година кромидот е послоевит, поквалитетен и повкусен. МакеДокс посеа љубов во срцето на градот и старата чаршија. МакеДокс веќе 7ма година по ред е симпатија за сериозно на македонската публика и љубителите на документарен филм.

Кромид-дружината веќе неколку години ни укажува на тоа што е добар филм и дека истиот освен што треба да ти го задржи вниманието и да изгледа визуелно добро, треба и да те раздрма. Кај МакеДокс не постојат табуа и забранети теми.

За да допреме до центарот на галаксијата, или уште повеќе на кромидот, за да допреме до јадрото на клетката и суштината на нештото, треба да ги поминеме сите слоеви и патеки.

 

13935178_1180129795371590_8113038311981356853_n

 

„Сите сме приказна“ e овогодишното мото на 7-то издание на Фестивалот на креативен документарен филм, МакеДокс, кој ќе се одржи од 20 до 26 август во Куршумли ан, Чифте амам и во Музејот на современата уметност во Скопје. На овогодинешната приказна чиј автор е МакеДокс ќе проследиме 63 филмови.

Креативните документарци кои ќе бидат прикажани на „МакеДокс 7“ се распоредени во пет програми, и тоа: Главна програма, Нови автори, Руски снег, Кратки документарци и Студентски приказни.

Дел од фестивалот е музичкиот документарец „Мојот превртен свет” на Petra Seliškar, кој е надвор од конкуренција, шест филмови кои се направени на регионалната школа „АКТив” и 3 работилници.

 

 

Музичкиот дел на отворањето им е препуштен на Крис Екман, ДЏ Димитри од Чаир и Тони Китановски, а пак на затворањето ќе го слушнеме „Черкези” оркестарот, и диско диџеј-сетот швајцарската режисерка Корин Швингрубер.

Новитет оваа година е натпреварувачката програма на студентски документарни филмови и програма на земја во фокус, која оваа година МакеДокс ја посветува на Русија.

На МакеДокс оваа година доаѓаат 26 автори на филмови, а програмата ќе се отвори со премиера на македонскиот документарен филм „СТУДаНТС” на Тамара Котевска.

 

14086474_1181907691860467_6569471144201342371_o

 

На фестивалот МакеДокс се доделуваат наградите „Кромид“ – за најдобар филм во Главната програма, „Млад кромид“ – за најдобар филм на нов автор, „Кокарче“ – за најдобар студентски филм и Награда за филм со најдобри етички идеи од сите програмски селекции.

Многу важен и симпатичен проект е патувачкото кино на МакеДокс, кое се одржа и оваа година. Незаборавајќи ги оние кои немаат можност да одат на кино, шетајќи по рурални места, планини и села, екипата на МакеДокс со својот проектор и одлична филм селекција, на мештаните им даде ретко кино искуство под ѕвездите.

Во духот на модерното време, МакеДокс ни обезбедија и апликација која може да се симне од Google Play Store или APP Store, а со која ќе може да го следиме распоредот на сите случувања на фестивалот.

Кромидџии, филмаџии и љубовџии. Сите ѕвезди, планети, комети и природни сателити се на наша страна годинава! Ќе имаме незаборавно филмско искуство!

Се гледаме на МакеДокс!

 

Comments

comments