Mark Ryden е уметник од Лос Анџелес, познат по неговиот поп-надреализам. Тој е артистот кој во една прилика рече дека „сегашноста е единствената вистина и реалност. Минатото е сега и иднината се случува сега. Само формите се менуваат, додека чувствата остануваат секогаш исти.”

Ryden е уметник кој успева преку кич елементи, алхемиски и религиски симболи да биде истовремено сентиментален и мистичен. Препознатлив по огромните водести очи, неговите дела кои наликуваат на бајките од детството, се ужасно провокативни и брутални.

Неговата уметност е крик за општеството, за урбаниот хаос, Америка, економската криза, перверзијата, извртените морални вредности, животните, политичарите, џет-сетот и за обичниот човек.

 

 

Изразувајќи се на оригинален и ексцентричен начин, Ryden не испушта ниту една тема. Во цел тој исцртан хаос од црева и чудни фризури, тој успева да допре и во длабокото. Една од таквите негови дела е мојата омилена, Goodbye bear, или по мое толкување, плачот за детството.

 

Галерија

 

Comments

comments