Најновиот сингл од PMG Kolektiv носи наслов „90ти“.

Ова е вториот по ред сингл кој го најавува издавањето на нивниот 7-ми по ред албум, наречен „ПЕСНИ ЉУБОВНИ“. Издавањето на албумот е закажано за мај 2017 и ќе биде проследно со промотивен концертна 13 мај во Скопје во Кино Култура. „90ти“ е техно-поп носталгија за културолошката револуција во 90-тите во Скопје, исполнета со гушкање, љубов, пријателство и по некоја солза.

 

Фотографија: Елена Фиданска

 

Идејата за видеото е на мистериозниот скопски артист Катинг Еџ, а реализацијата на реномираните мајстори Божидар Јовановиќ и Синиша Евтимов. ЕП-то е издадено за PMG Recordings и освен оригиналната верзија, содржи уште неколку сосем различни миксови, вредни за твоето внимание, а особено ако си диск џокеј.

„90ти“ е достапно за слободен даунлоад на овој линк.

 

Comments

comments