Омилените стихови од песните на „Фолтин“, заедно со досега неотпеани, ќе бидат објавени во книгата со наслов „Креветизам и хоризонтала“.

Промоцијата ќе се оддржи овој петок, во „Цреша бар“, со почеток од 19 часот. Автор на книгата е Пијан Славеј – уметничкото име на лидерот на „Фолтин“, Бранислав Николов.

На самата промоција, „Фолтин“ ќе оддржат концерт, а посетителите ќе може да купат примероци од книгата. Дизајнот на корицата е дело на уметникот Мирослав Масин.

Comments

comments