На 25.02.2018 (недела), со почеток во 20.00 часот, во Кино Фросина, МКЦ ќе се случи промоција на „To…”, вториот албум на Minstrel’s Gallery.

Minstrel’s Gallery или Виктор Танасковски – гитара, мандола, вокал; Слободан Танасковски – флејта, клавијатури, вокал; Даме Јовановски – бас гитара, придружен вокал и Кристијан Тодоров – тапани во недела ќе имаат промоција на својот втор студиски албум насловен „То…”

Албумот е снимен во Куманово во домашното студио на Даме Јовановски (басистот), а автор на сите текстови и дизајнер на омотите за секоја песна е Виктор Танасковски (вокал, гитара и мандола).

За сите тие што веќе го преслушале материјалот од првиот албум („Ignorance leads to ruin, 2016), ќе приметат извесни референци кон некои минати неодговорени прашања, а сите оние кои сè уште не го направиле тоа, имате време до недела да го преслушате првиот албум и така подготвени да се појавите на промоцијата на „То…”, вториот албум на Minstrel’s Gallery.

 

Comments

comments