Фотографии: Лилика, Марко, Мики и Александра

 

Колку убав народ беше собран на едно место. Мангуп до мангуп, фраерка до фраерка!

Мал милион различни идеи за роденденски активности ни пролетаа низ главите, а земјотресите и рано-есенските дождови направија сè во своја моќ за да ги ограничат најгенијалните замисли кои ги имавме. Сакавме да биде феноменално и инвентивно, да дадеме сè од себе за да загарантираме дека секој ќе си помине прекрасно.

Прво што направивме – се обративме кај Вишко и Радио Бар, што беше супер-добра-одлука, зашто неговиот тим беше одличен, како октоподи со безброј пијачки во рацете, успешно се погрижија за сите. Второ, искусно се свртевме накај Скопска Пивара и тимот на Публицис, кои како и секогаш до сега, ни искочија во пресрет со неверојатна поддршка, што во комбинација со онаа на Red Bull и Jägermeister, ни загарантира успех на замисленото. А никако не ги забораваме А. Мискоски и Н. Тоневски, зашто музиката беше прекрасна!

Неверојатно сме среќни што дојдовте (во толкав број), фала ви!!! Се надеваме дека си поминавте добро, како што си поминавме ние. Побитно од бројот во кој се појавивте, и тема на сите разговори вчера, е колку убав народ беше собран на едно место. Мангуп до мангуп, фраерка до фраерка!

И иако неколку пати досега им се заблагодаривме на Мики Стефаноски и Анастазија Манасиевска за неверојатните фотографии кои ги направија од тимот и прекрасниот дизајн на постерите, ја злоупотребуваме приликава за уште еднаш да им кажеме дека ги обожаваме за сè што направија.

А затоа што старото-добро вели дека ако нема фотографија исто како да не се случило, нашиот тим фотографи (прекрасни како секогаш) успеа, и покрај огромната гужва, да спреми галерија од вечерта. Фала Михаил Намичев, Александра Костадиновска и Лилика Стрезоска!

 

dsc_1145

dsc_1212 dsc_1240 dsc_0729 elena dsc_1305mrc_2590 dsc_1335 dsc_1286 dsc_0388 dsc_0427mrc_2574 dsc_0358 dsc_1259 dsc_1237 dsc_0598 dsc_0559mrc_2570mrc_2564 dsc_0476 dsc_0258 lilika dsc_0241 dsc_0243 dsc_0224 dsc_0168mrc_2584mrc_2533mrc_2544 dsc_0185 dsc_1236 dsc_1161 dsc_0153 dsc_0096 dsc_0079 dime dsc_0673 dsc_0695 dsc_1320 koljo dsc_0710mrc_2517

banedsc_0411dsc_1105dsc_1112dsc_0321 dsc_0290 dsc_0194mrc_2598 miki dsc_0064 dsc_0090 dsc_1155 dsc_1222 dsc_0445mrc_2563 mrc_2555 dsc_0371 dsc_0375 dsc_0136 dsc_0086mrc_2554 dsc_0084 dsc_0328 dsc_0334 dsc_0163mrc_2519 dsc_0128 anja dsc_0072 dsc_1258 dsc_1242 dsc_1202 aleksandra dsc_1125 dsc_1235mrc_2532mrc_2533mrc_2544 dsc_0312 dsc_0208 dsc_1184 dsc_1343 dsc_0102 dsc_1241

 

 

Comments

comments