Фотографии: Александра Костадиновска
Изработка: Теодора Ваклински, Виктор Танасковски и Моника Стојановска

 

За овој #Reксперимент решивме да се обратиме кон креативното дуо од последното наше интервју.

Заедно со Моника и Виктор од Pocket Gallery креиравме мали глинени планини кои ќе ни служат како држачи за прстени.

Во продолжение се белешките од нашиот последен и успешен DIY-обид.

 

 

За изработка на четири држачи потребни ти се:
  • 1 пакување од 500 грама глина за моделирање
  • Акрилни бои
  • Универзално лепило
  • Четки за боење
  • Чаша со вода
  • Декоративна златна фолија
  • Мат лак

 

1. Подели ја глината

За изработка на четири планини, глината ја поделивме на четири нееднакви парчиња. Идејата ни беше да добиеме различни големини на држачи, па затоа употребивме парчиња со различна големина, но изборот останува на тебе и зависи од тоа колкави и колку држачи ќе сакаш да направиш.

 

 

2. Убаво измеси ја глината

Секое парче глина убаво измеси го, сè додека не стане целосно мазно.

 

 

3. Направи ги формите на парчињата

 

 

4. Обој ги формите

Пред да преминеш на боење ќе треба да ја оставиш глината да се исуши во текот на 24 часа. Глината која ние ја користевме е „air dry“ и нема потребa од печење. По сушењето на глината, со акрилни бои обоj ја секоја фигура.

 

 

5. Премачкај ги формите со универзално лепило

Откако бојата на формите убаво ќе се исуши, одлучи кои делови од формите ќе сакаш да ги покриеш со златна фолија и премачкај ги со универзално лепило.

 

 

6. Нанеси ја златната фолија

Залепи ја фолијата над деловите премачкани со лепак и нежно и внимателно притисни ја фолијата за убаво да се залепи.

 

 

7. Отстрани ја целосно фолијата

Набрзина, по само неколку секунди од лепењето на фолијата, отстрани ја пред лепилото целосно да се исуши. На овој начин, на деловите премачкани со лепак ќе останат неправилни форми од златната фолија.

 

 

8. Премачкај ги формите со мат лак

За формите да бидат поотпорни, премачкај ги со мат лак.

 

 

9. If you like it then you shoulda put a ring on it

 

Comments

comments