Секој си има по некој ритуал во својот живот. Дали тоа било молење за добра оценка во школо (ова мора да признаам го имам пробано и јок, не успеа), бакнување на тревата при влегување на фудбалски терен или пак тајландските протнување на мечеви, ножеви и пиштоли низ уста. Како што би рекле старите, колку луѓе толку обичаи и чуда. Од овие безвременски ритуали не се поштедени ниту познатите музички ѕвезди.

 

RS7_005_04_Web980px_l copy copy

Овча пита // The Rolling Stones

Иако се познати по нивните невообичаени побарувања кога се на турнеи и настапи, како кабловска и сателитска за да можат да гледаат крикет мечеви, тука е и побарувањето на Keith Richards кој не настапува без овча пита. Како додаток на сето ова е кората на питата мора да биде крцкава за самиот тој прв да ја скрши. Размазен Rock ‘n’ Roll.

 

 

tumblr_ny98x6E9gs1qaqvggo1_1280 copy

Jägermeister и Off The Wall на Michael Jackson // Foo Fighters

Пред секој настап Foo Fighters пијат шотеви јägermeister и танцуваат на песни од Michael Jackson. За оваа навика, Dave Grohl изјавува: „Некои се молат на бога, некои се собираат во круг и се дерат „Go team” како кај рагби тимовите, а ние го слушаме албумот Off The Wall на Michael Jackson и пиеме  јägermeister шотови.” Се прифаќа, не е страшно.

 

 

tumblr_n0apswWmS21rqgjz2o1_1280 copy

Молитви и стол за масажа // Beyonce

За да го ослободи својот стрес пред секој настап, Beyonce кажува молитва заедно со секој член од бендот и неколку часа седи во нејзиниот стол за масажа додека ја подготвуваат за настап со плејлиста во нејзините уши. Нема место за драми и чудни ритуали.

 

 

rvJFE copy

Виски и континурано изговарање на латинска изрека // Leonard Cohen

Leonard Cohen пред своите настапи пие по некоја чашка виски за да ги смири своите нерви. Исто така тој шета и ја изговара латинската изрека „Pauper sum ego, nihil habeo“ во превод „сиромашен сум, немам ништо”. Скромен човек, шаље паре кеву.

 

 

Lorde_Performance_a_l copy

Дремка и бобинки // Lorde

Пред големите настапи Lorde се припрема со дремка и лесен оброк од бобинки или алги. Исто така признава дека пред настапите е многу нервозна (го има она чувство на трема и нагон за повраќање). Спиењето со нејзиното среќно кебенце како и јадењето на мал и лесен оброк и помага во надминувањето на проблемите. Lorde и мене ми се има случено истото тоа со нагонот за повраќање, така што знам како ти е. Да не се претворам во машка верзија на Lorde?

 

 

Coldplay-Slowrock-Band-Wallpaper-HD-05 copy

Групно гушкање // Coldplay

Заедничкиот ритуал им е групното гушкање и седењето во мир и тишина. Но Chris Martin е човекот кој отскокнува од традиционалниот заеднички ритуал. Тој вели дека има 18 ритуали пред секоја настап (аман бе човек) од кои голем дел не ги споделува, a тоа што го сподели е дека си ги четка забите поради тоа што ако не го сторел тоа се чуствувал многу валкано. Свашта.

 

 

kanye-west-addresses-false-stories-regarding-fictitious-nelson-mandela-quotes-11 copy

Берберски стол // Kanye West

Кои се ритуалите на Yeezus? Тоа што мора да го има во неговата гардероба пред секој настап е берберското столче. Тоа е така поради тоа што континуирано му е потребно потскратување на фризурата или едноставно седењето во тоа столче го прави среќен. Нешто има со столовиве во хип-хоп/поп заедницава.

 

 

katy perry

Фокус и вообичаена рутина // Katy Perry

Katy Perry за ова изјавува: „Денот не ми е ништо поразличен од другите денови. Станувам, одам на масажа, вежбање и растегнување. Потоа одам на проба и се спремам за настап. Денот е за настап и не постои ништо друго што би ме дефокусирало”. Професионалец, нема зезање.

 

Comments

comments