Многу, многу брзо.

Феноменални се, верувај ми. Поготово ако се класифицираш себеси како нешто-повеќе-од-секојдневен-гик и уживаш да ги иницираш најдосадните разговори во друштво, на теми често поврзани со написите за когнитивна психологија кои само тебе ти се убер-интересни.

Видеата, на продавницата за книги од Лондон наречена School of Life, се совршена должина напумпана со квалитет, па можеш да ги втиснеш помеѓу две задачи на работа, а да не се чувствуваш како да си изгубил 5 минути во празно. Секое видео е брутално искрено и преполно со информации, па токму поради тоа пробај да ги дозираш, но навистина не ти ветувам дека ќе успееш.

Нашата другарка Нина Тунтева ни ги отвори очите кога ни кажа дека ова наше мало задоволство и всушност не било толку мало – проектот на прекрасниот Alain de Botton веќе брои вкупно 13 продавници низ светските метрополи, а нивниот блог The Book of Life, е подеднакво квалитетен како и видеата.

Не знаеш од каде да почнеш? Јас ќе ти кажам. Од моите омилени.

 

How to be warm

 

Why We Go Cold On Our Partners

 

Is It Better to Be Polite or Frank?

 

The Perfectionist Trap

 

Humour In Relationships

 

The Fear of Being Bad in Bed

 

Who We Can Love

 

Confidence

Comments

comments