Затоа што првиот ваков текст беше неверојатно популарен, се решивме да не застанеме таму, па да го претвориме во серијал. Од сега, еднаш месечно ќе ти спремаме препореку за – што да купиш од ASOS а да не платиш царина.

 

Септември е убав месец, нели?

Сите што ги знаеш, а и што не ги знаеш, се вратени од одмори со бронзен тен, глави полни со импресии и спремни за нови работни предизвици (тешко за верување). Но сепак, новчаникот во овој период од годината (како и во оној пост-новогодишниот период) е неверојатно „тенок“. Можеби затоа што штом дојде време за летен одмор, сите живееме како Gianluca Vacchi?

Во овие моменти тешко е да застанеш па да се повлечеш целосно од секое задоволство, но не е толку тешко да бидеш паметен. Затоа, продолжи да скролаш за 10-те работи од ASOS кои ни се хит за овој месец – секоја од нив внимателно избрана така да не вреди повеќе од што чини и да избегне дополнителни давачки.

Да се потсетиме, според Ема – главна фора во нарачувањето од ASOS е тоа дека не плаќаш царина ако нарачката ти изнесува максимум 45 евра. Втор трик е дека shipping- от може да го избегнеш доколку пак нарачаш нешто над 30 евра. Најбољи варијанта ти е да си ја собереш другарката и да си одберете заедно нешто, па 3 евра кои се за shipping (ако ти е нарачката под 30 евра) да си ги потрошите на кафето или пијачката која ја пиете ќутливо, дружејќи се преку скролање на ASOS.

 

Капче, зашто не ни треба изговор за уште едно

 

Влечки, затоа што затовраме сезона на апостолки

 

Comments

comments