Рап музиката е реакција на времето, но не само на едно време, туку на секое време.

Ова современо време си влече свои бои, свои нијанси, свои црти и постојано се р’ва со технологијата – одат заедно. Јас повеќе му обрнувам внимание на помалку-комерцијалниот аспект од рапот.

Според мене лириката (текстот) е елементот кој што најчесто го поистоветувам со самиот правец. Како што е спретност да искомпонираш добра композиција, тука е спретност да искомпонираш добар текст, но се разбира, битот игра голема улога во целата слика. Ако не се ограничиш на еден принцип, ќе најдеш во се по нешто интересно.  

Морам прво да им замерам на оние што кренаа раце од Eminem во неговата подоцнежна кариера каде што баш тогаш почна да ја покажува својата маестралност во шемата на римите, флоуто и комплексноста на пренесувањето на истите.

Се разбира, не го заборавам Tech N9ne кој е голем виртуоз во својот стил. Исто така, Kendrick Lamar, еден од најдобрите лиричари од поновата генерација кој фантастично се носи со својата тематика и е спремен да биде рамо до рамо со своите идоли.  

Фасциниран сум од насоката по која се движи детроитскиот рапер Danny Brown, неговата автентичност и експериментирањето. Го препорачувам последниот негов албум Atrocity Exhibition.

 

Flatbush Zombies

 

Огромно внимание ми привлече групата Flatbush Zombies со својата неверојатна енергија.

Од помладата генерација би го предложил раперот Vince Staples, тука е Isaiah Rashad, па и Joey Badass. Не смеам да го изоставам Ab-Soul, секако и мајсторот Tyler The Creator и целата таа дружина, и нивниот фазон кој преферирам да го има почесто и насекаде.

Секако тука е и Hopsin, со својата тенденција која што ми е поприлично блиска. А од постарата, бела фела, е R.А. The Rugged Man со непромашениот албум Legends never die. Во истиот кош се и Jedi Mind Tricks. Во близина е и помалку експонираниот MC, Rite Hook. Не смеам да го заборавам и Madchild!

Мала дигресија, али треба да се споменат и Die Antwoord кои ги следам уште пред да станат тоа што се денес и тотално го подржувам нивниот пристап кон рапот.

Неизоставен е и британскиот придонес на мајсторите: Dabbla, Ocean Wisdom итн.

 

Vince Staples

 

Ајде сега да се осврнам малку на еден нов бран, комбинацијата трап/клауд рап и целиот тој амбиент што ми се залепи за уво во последно време што тргна од Night Lovell, преку Suicide Boys па се до Bones и Denzel Curry.

Во секој момент палци горе за алтернативци-интелектуалци како што се Aesop Rock, Atmosphere, и Mick Jenkins, кој што неодамна го запазив и му станав фан во истиот момент, еден од ретките… Уште едно неверојатно откритие, „блесавиот” MC со име Twisted Insane.

Некого не наведов, но доволно е сега за сега, да оставам простор за наредна прилика. 

 

Comments

comments