Абе ранец како ранец, битно е да собира многу… Вака размислуваа моите родители, но не и CEO Blake Mycoskie – генијалниот бизнисмен и креатор на познатите TOMS патики, а сега и ранци.

Ранци, ташни, и торби чија идеја не е само „стај ги на грб и шибај“, туку има нешто во нив инспирирано од една подлабока и посуштинска приказна.

Рачна изработка

Колекцијата на ташни е инспирирана од рачно изработените чанти кои вработените во TOMS ги носат кога се враќаат од хуманитарни патувања во Латинска Америка, Африка, и Јужна Азија. Целата линија ги рефлектира етносите на самите ташни, кои се рачно везени од богати матерјали.

TOMS-3 (2)

Овие чанти се достапни во ограничени количини (одма звучат поинтересно, а?) и се карактеризираат со автентични детали како нижење, ткаење и апликации. Секое парче е дизајнирано со помош на традиционални техники предавани од генерации на генерации.

За хуманитарците на кои убавината не им е доволна причина

Ташни, а спасуваат животи. Секоја година, 40 милиони жени се пораѓаат во небезбедни услови. Со секое купено TOMS ранче, донирате и помагате да се обезбедат посигурни услови за овие мајки и нивните новороденчиња.

„Инфекцијата е водечка причина за смрт кај младите мајки и бебиња. Преку обезбедување на чисти и безбедни услови за пораѓање, над 1 милион мајки и бебиња можат да се спасат секоја година.“ – Blake Mycoskie

 

 

Па според старата мускетарска „All for One, One for All“, TOMS да ни се инспирација и мотив и ние да бидеме хумани, почнувајќи од денес.

 

Comments

comments